Македонски |
177
Bosch Power Tools
1 609 92A 2MM | (19.7.16)
Подесување на главата на светилката (види слика A)
Во зависност од употребата, главата на светилката може да се врти
1
до 200°.
– Со нагоре насочена глава на светилката за осветлување на плафонот.
– Свртена за 90° за осветлување на просторијата.
– За околу 120° навалена глава на светилката за антирефлектирачко
осветлување на работното место, на пр. за осветлување на работната маса.
– За околу 200° навалена глава на светилката за осветлување на подот.
Напомена:
Доколку се навали за повеќе од 90° батериската светилка мора да се
фиксира.
Куки за закачување (види слика B)
Со куките за закачување
7
може да ја прицврстите батериската светилка на некој
предмет.
Карабинер (види слика C)
Со карабинерот
4
може да ја прицврстите батериската светилка на пр. на сајла
или на појас.
Магнет за прицврстување (види слика D)
Со магнетот за прицврстување
6
може да ја поставите батериската светилка на
феромагнетски површини. Притоа постапувајте со внимание, за да ги избегнете
гребнатините на чувствителните површини.
Прифат за стативот (1/4") (види слика E)
Со прифатот за статив
8
може да ја зашрафите батериската светилка на статив.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме обратете се во
овластената сервисна служба за Bosch електрични апарати.
Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да
се менуваат или одржуваат.
Изворот на светење не може да се замени. Ако изворот на светење е
дефектен, мора да се замени целата батериска светилка.
Исчистете го пластичното стакло на батериската светилка со сува, мека крпа, за
да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.
OBJ_BUCH-2909-001.book Page 177 Tuesday, July 19, 2016 2:15 PM