Македонски |
155
u
Доколку имате долга коса, врзете ја и внимавајте да не
се вовлече во отворот за воздух, бидејќи тоа може да
предизвика повреда.
u
Пред работа внимателно прегледајте го просторот и
отстранете ги сите суштества и предмети.
u
Проверете го напојниот/продолжниот кабел и
заменете го доколку има оштетувања. Заштитете го
напојниот/продолжниот кабел од топлина, масла и
остри рабови.
u
Кабелот секогаш држете го зад уредот и понастрана од
него.
u
Никогаш не користете го производот со неисправни
осигурачи, штитници и без заштитна опрема.
u
Пред да почнете со работа проверете да се монтирани
сите рачки и штитници. Никогаш не работете со
машина која не е целосно монтирана или на која се
вршени недозволени преправки.
u
При употребата на производот секогаш стојте
стабилно и на цврста подлога.
u
Бидете свесни за Вашата околина и за можните
опасности што не можете да ги слушнете додека
производот работи.
u
Избегнувајте неправилно држење на телото и секогаш
одржувајте стабилна равнотежа.
u
На коси површини чекорете внимателно и стабилно.
u
Одете полека, не трчајте.
u
Не дозволувајте нечистотија и отпадоци да влегуваат
во отворите за ладење.
u
Лисјата и нечистотијата не дувајте ги кон луѓето што
стојат во близина.
u
Не носете го уредот држејќи го за кабелот.
u
Препорачливо е да носите заштитна маска.
u
Носете заштитни очила.
u
Не вршете промени на уредот.
Неовластените
модификации можат да доведат до нарушување на
безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата
или вибрациите.
u
Оштетен вентилатор или куќиште (струготини,
пукнатини, засеци) го зголемуваат ризикот отфрлени
предмети да предизвикаат повреда. Ако куќиштето е
оштетено, јавете се во Бош службата за корисници.
Напомени за оптимално
користење на батериите
u
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага.
Постои опасност
од експлозија.
u
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа.
Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
u
Користете ја батеријата само во производи од
производителот.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
u
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
u
Наполнете го мерниот уред со испорачаниот
полнач.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и
упатства за идни консултации.
Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги добиете потребните
упатства.
u
Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Државните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
u
Надгледувајте ги децата.
Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со полначот.
u
Полнете само Bosch литиум-јонски акумулатори со
капацитет од
1,3
Ah (од
10
акумулаторски ќелии).
Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за
полнење на батеријата на полначот. Не пробувајте да
полните батерии кои не се полнливи. Во спротивно,
постои ризик од пожар и од експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага.
Навлегувањето на вода во полначот
го зголемува ризикот од електричен удар.
u
Одржувајте ја чистотата на полначот.
Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
u
Пред секое користење, проверете ги полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку забележите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови.
Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Bosch Power Tools
F 016 L94 481 | (20.05.2022)