
Аспиратор / Упатство за употреба
38 / 51 MK
1
Мepkи ha пpetпaзлиboct
1.1 Опшto
Внимателно прочитајте ги следните важни
информации во однос на безбедната
инсталација и одржувањето. Чувајте го ова
упатство при рака за идни осврти. Уредот
е дизајниран за употреба со одводен канал
(испуст на воздухот надвор – сл. 3A), филтер
(циркулација на воздухот внатре – сл. 3Б)
или со надворешен мотор (сл. 3В).
1.2 Мepkи ha пpetпaзлиboct
1. Внимавајте кога аспираторот работи
истовремено со отворен оган или
горилник на коишто им треба кислородот
од воздухот, а се напојуваат со друг
вид на енергија бидејќи аспираторот го
извлекува воздухот од средината, а тој е
потребен за согорување кај отворениот
оган или горилникот. Негативниот
притисок во средината не смее да
надминува 4Pa (4x10-5 bar). Обезбедете
соодветна вентилација во средината за
правилна работа на аспираторот.
Следете ги применливите локални
одредби за извлекување на воздухот.
Безбедност на децата
• Овој уред не е наменет за употреба од
страна на лица (вклучително деца) со
намалени физички, сетилни или ментални
способност, или пак со недоволно
искуство и знаење. Децата треба да бидат
под надзор за да не се дозволи да си
играат со уредот.
• Материјалите од пакувањето се опасни
за деца. Чувајте ги материјалите од
пакувањето на безбедно место, настрана
од дофат на деца.
• Електричните уреди се опасни за деца.
Чувајте ги децата подалеку од производот.
Не дозволувајте деца да си играат со уредот.
Пред да го поврзете моделот во
струја:
• Проверете ја плочката со податоци
(поставена внатре во уредот) за да
се уверите дека напонот и моќноста
одговараат на мрежата и дека
приклучокот е соодветен. Советувајте се
со електричар ако се сомневате.
• Ако кабелот за напојување е оштетен,
мора да се замени со нов или со
специјално напојување коешто може да
се добие директно кај производителот или
во центарот за техничка поддршка.
• Овој уред мора да се поврзе со извор
на напојување со осигурувач од 3A или
2-фазно поврзан и заштитен со осигурувач
од 3A.
A
Во одредени услови,
електричните уреди
претставуваат опасен ризик.
• Не проверувајте ја состојбата на филтрите
додека работи аспираторот.
• Не допирајте ги светилките или
непосредната околина за време или
веднаш по подолга употреба на системот
за осветлување.
• Готвење со фламбирање е забрането под
аспираторот.
• Избегнувајте отворен оган бидејќи ги
оштетува филтрите и може да доведе до
пожар.
• Постојано проверувајте ја храната што ја
пржите за да избегнете прегревање на
маслото што може да доведе до пожар.
• Исклучете го напојувањето од штекер
пред одржување.
• Овој уред не е наменет да го користат
мали деца или лица со попречености без
надзор.