Информации за безбедност
Грижа за телефонот ASUS
•
Користете го телефонот ASUS во околина со
температури меѓу 0 °C (32 °F) и 35 °C (95 °F).
Батерија
Телефонот ASUS има литиум-јонска батерија со
високи перформанси, што може да се извади.
За подолг работен век на батеријата, следете ги
упатствата за одржување.
•
Избегнувајте да ја полните батеријата на
екстремно висока или ниска температура.
Батеријата работи оптимално на температура
од +5 °C до +35 °C.
•
Користете само батерија од ASUS. Со употреба
на друга батерија може да се предизвика
физичка повреда и да се оштети уредот.
•
Не вадете ја и не потопувајте ја батеријата во
вода или во друга течност.
•
Не обидувајте се да ја отворите батеријата
затоа што содржи материи што може да бидат
штетни доколку се проголтаат или доколку
дојдат во контакт со незаштитена кожа.
•
Не вадете ја и не вршете краток спој на
батеријата, затоа што може да се прегрее и да
предизвика пожар. Чувајте ја подалеку од накит
или метални предмети.
•
Не вадете ја батеријата и не фрлајте ја во оган.
Може да експлодира и да ослободи штетни
материи во околината.
•
Не фрлајте ја батеријата во отпадот на
домаќинството. Однесете ја во собирен пункт
за опасни материјали.
•
Не допирајте ги контактите на батеријата.
•
За да избегнете пожар или изгореници,
не расклопувајте ја, не свиткувајте ја, не
згмечувајте ја и не продупчувајте ја батеријата.
U11709-1_ZB500KG_UM_Booklet_EU.indb 50
2016/9/1 14:44:32