Батеријата работи оптимално на температура
од +5 °C до +35 °C.
•
Не отстранувајте ја и не заменувајте ја
батеријата со неодобрена батерија.
•
Користете само батерија од ASUS. Со употреба
на друга батерија може да се предизвика
физичка повреда и да се оштети уредот.
•
Не вадете ја и не потопувајте ја батеријата во
вода или во друга течност.
•
Не обидувајте се да ја отворите батеријата затоа
што содржи материи што може да бидат штетни
доколку се проголтаат или доколку дојдат во
контакт со незаштитена кожа.
•
Не вадете ја и не вршете краток спој на
батеријата, затоа што може да се прегрее и да
предизвика пожар. Чувајте ја подалеку од накит
или метални предмети.
•
Не вадете ја батеријата и не фрлајте ја во оган.
Може да експлодира и да ослободи штетни
материи во околината.
•
Не фрлајте ја батеријата во отпадот на
домаќинството. Однесете ја во собирен пункт за
опасни материјали.
•
Не допирајте ги контактите на батеријата.
•
За да избегнете пожар или изгореници,
не расклопувајте ја, не свиткувајте ја, не
згмечувајте ја и не продупчувајте ја батеријата.
ЗАБЕЛЕШКИ:
•
Постои ризик од експлозија доколку
батеријата се замени со несоодветен тип на
батерија.
•
Фрлете ја старата батерија според упатствата.
Полнач
•
Користете го само полначот испорачан со
телефонот ASUS.
U11519-1_ZB552KL_UM_Booklet.indb 51
2016/7/14 13:34:11