Задни функции
ЗАБЕЛЕШКИ:
•
Извадете го задниот капак за да ги видите
отворите за две micro SIM-картички и за
microSD-картичка.
•
Отворите за micro SIM-картички ги
поддржуваат мрежните опсези LTE, WCDMA и
GSM/EDGE.
•
Отворот за microSD-картичка поддржува
картички со формати microSD и microSDHC.
ЗАБЕЛЕШКИ:
•
Користете го само адаптерот за напојување што е
испорачан со производот. Уредот може да се оштети
со употреба на друг адаптер за напојување.
•
Најдобар начин за полнење на телефонот ASUS е да
го користите испорачаниот адаптер за напојување
и сигналниот кабел на телефонот ASUS за да го
поврзете телефонот со приклучок за напојување.
•
Најдобар начин за брзо полнење на телефонот ASUS
кога е во режим на мирување е да го користите
адаптерот за напојување ASUS 5W и ASUS USB-
кабелот.
•
Опсегот на влезниот напон меѓу ѕидниот приклучок
и овој адаптер е AC 100V - 240V. Излезниот напон на
micro USB-кабелот е +5.2V 1A, 5W.
ВАЖНО!
•
Кога го користите телефонот ASUS додека е поврзан
со ѕиден приклучок, заземјениот приклучок мора
да биде во близина на уредот и да биде лесно
пристапен.
•
Кога го полните телефонот ASUS преку компјутерот,
проверете дали micro USB-кабелот е поврзан со USB
2.0 / USB 3.0 порта на компјутерот.
•
Избегнувајте да го полните телефонот ASUS во
околина со температура над 35
o
C (95
o
F).
Задна камера
Блиц на камерата
Заден
капак
Звучник
Копче за
јачина на
звук
U11519-1_ZB552KL_UM_Booklet.indb 44
2016/7/14 13:34:10