1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтирање и користење на апаратот, ве молиме
внимателно да ги прочитате приложените упатства.
Производителот не сноси одговорност за направена
повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги упатствата на
сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
•
Овој апарат може да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку
тоа го прават под надзор или доколку им биле дадени
упатства како безбедно да го употребуваат апаратот, и
доколку ги разбираат опасностите поврзани со него. Не
смее да биде на дофат на деца помали од 8 години и
лица со многу обемни и сложени пречки во развојот,
освен ако не се под постојан надзор.
•
Децата треба да бидат под надзор да не играат со
апаратот.
•
Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете ја
соодветно.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги децата и милениците
подалеку од апаратот кога работи или кога се лади.
Достапните делови може да станат жешки за време на
употребата.
•
Ако апаратот има уред за заштита на деца, треба да се
вклучи.
•
Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни
делови стануваат жешки при употреба. Треба да се
внимава да не се допираат грејачите.
МАКЕДОНСКИ
207