90
6. Безбедносни упатства за машини за површинско глодање
a. Држете ја електричната алатка само за изолираните површини за држење,
бидејќи ножот за глодање може да дојде во контакт со својот кабел.
Контактот со линија која спроведува напон може да ги стави под напон металните
делови на уредот и може да доведе до електричен удар.
b. Прицврстете и обезбедете го предметот за обработка со употреба на сила
или поставете го на друг начин врз стабилна подлога. Кога предметот за
обработка го држите со рака или е потпран на друг дел од телото, тој е нестабилен
и може да излезе надвор од контрола.
c. Дозволениот број на вртежи на алатката за вградување мора да биде голем
барем колку наведениот максимален број на вртежи на електричната
алатка. Додатоците кои се вртат побрзо од дозволеното може да се скршат.
d. Ножевите за глодање или другите додатоци мора да одговараат на отворот
за монтажа на алатки (клешта за прицврстување) на вашата електрична
алатка. Алатките за вградување што не одговараат на отворот за монтажа на
електричната алатка се вртат неправилно, вибрираат многу силно и можат да
предизвикаат губење на контролата.
Монтажа
Извадете ја електричната алатка од амбалажата. Пред монтажата не приклучувајте ја во струја.
Вградување и отстранување на алатките за глодање (Слика 2)
Монтирајте ги алатките за глодање со дијаметар на рачката соодветен на стезната глава.
Користете само алатки за глодање кои се наменети за највисокиот број на вртежи на
машината. Дијаметарот на алатката за глодање не смее да биде поголем од најголемиот
наведен дијаметар (види технички податоци).
• Притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1) и вртете ја навртката за
стезната глава (2) додека се заглави. Држете го притиснато копчето за блокирање
на вретеното додека работите во таа област на машината.
• Отворете ја навртката на стезната глава со помош на виљушкастиот клуч.
• Рачката на алатката за глодање ставете ја во стезната глава.
• Затегнувајте ја навртката на стезната глава додека ја прицврстите алатката за гло- дање.
• За менување на алатката за глодање повторете ја истата постапка опишана пого-ре.
1192734_BDA_WB_1200 OF.indd 90
1192734_BDA_WB_1200 OF.indd 90
28.12.20 09:14
28.12.20 09:14