МК - 14
стандарди и прописи. Прво, проверете
каков тип на плин е поврзан на шпоретот.
Оваа информација е достапна на
налепница која се наоѓа на задната
страна на шпоретот. Информациите за
видовите соодветен гас и соодветните
вбризгувачи на плин може да ги најдете
во табелата со технички податоци.
Проверете дали доводниот притисок
на плинот одговара на вредностите
во табелата со технички податоци, за
да можете да постигнете максимална
ефикасност и да обезбедите најмала
потрошувачка на плин. Ако притисокот
на употребениот плин се разликува
од наведените вредности или ако
притисокот не е стабилен во вашиот
простор, можеби ќе биде потребно
да се поврзе соодветен регулатор на
притисок на доводот за плин. За да ги
направите овие приспособувања, треба
да се обратите во овластен центар за
сервисирање.
Точки кои мора да се проверат
во текот на монтирањето на
флексибилно црево:
• Ако поврзувањето на плинот е
направено со флексибилно црево
монтирано на доводот за плин
на плочата, тоа мора да биде
прицврстено со стега за цевка.
• Поврзете го апаратот со кратко црево
што не пропушта, колку што е можно
поблизу до изворот на плин.
• Дозволена максимална должина на
цревото е 1,5 m.
• Апаратот треба да биде поврзан во
согласност со релевантните локални
стандарди за плин.
• Цревото треба да се чува настрана
од места во кои температурата може
да достигне повеќе од 90°C.
• Цревото не смее да биде напукнато,
скинато, искривено или превиткано.
• Чувајте го цревото подалеку од остри
агли и предмети кои се движат.
• Пред да го монтирате поврзувањето,
проверете дали цревото е оштетено.
За да го проверите тоа, употребете
газирана вода или друга течност. Не
употребувајте отворен оган за да
проверите дали протекува плин.
• Сите метални предмети кои се
користат за поврзување на плин не
смеат да бидат ‘рѓосани. Проверете
го рокот на траење на сите делови
кои се користат за поврзување.
Точки кои мора да се проверат во
текот на монтирањето на фиксното
поврзување на плин:
Начинот на монтирање на фиксното
поврзување на плин (поврзување на плин
со елементи со навој, на пр. навртка)
се разликува според земјата во која се
наоѓате. Вие ќе ги добиете деловите кои
се вообичаени за Вашата земја. Сите
други потребни делови може да бидат
снабдени како резервни делови.
Во текот на поврзувањето, навртката на
разгранувачот за плин треба да биде
фиксирана додека го вртите другиот дел.
За безбедно поврзување, користете клуч
со соодветна големина. За површините
помеѓу различни делови секогаш треба
да ги користите заптивките кои се
обезбедени со комплетот за конверзија
на плин.
Заптивките кои се користат за
поврзување треба да бидат одобрени
и за користење при поврзување на
плин. Не употребувајте заптивки за
водоинсталации за поврзување на плин.
Не заборавајте дека овој апарат е
направен за поврзување на плин во
земјата за која е произведен. Главната
дестинација е обележана на задниот
капак на апаратот. Ако треба да го
користите во друга земја, можеби ќе Ви
биде потребно некое од поврзувањата
дадени на сликата подолу. Во таков
случај, обратете се до локалните
органи за да дознаете кое е правилното
поврзување за плин.
Содержание EBG400GIX
Страница 43: ...2...
Страница 45: ...4 1 1 1 8 8...
Страница 46: ...5...
Страница 47: ...6 15 1...
Страница 48: ...7 1 2...
Страница 49: ...8 100 C 1 3 j 0...
Страница 50: ...9 1 4 oj...
Страница 51: ...10...
Страница 52: ...11 2 2 1 5 m3 100 cm2 5 m3 10 m3 50 cm2 10 m3 4 5 100cm2 100cm2 100cm2 100cm2...
Страница 54: ...13 W D C2 B C1 H F B C C C t 25 mm t 25 mm B B 2 3...
Страница 55: ...14 1 5 m 90 C...
Страница 56: ...15 2 4 LPG NG 7 mm 90...
Страница 57: ...16 4 mm LPG NG NG LPG NG LPG 2 5 3 mm...
Страница 58: ...17 3 EBG400GW 1 2 1 2 EBG400GIX 1 2...
Страница 59: ...18 4 4 1 maximum 90 90 3 off 0 maximum minimum off OFF MAX MIN 90...
Страница 60: ...19 0 22 26 cm 14 22 cm 12 18 cm K M 5 5 1...
Страница 61: ...20 5 2...
Страница 62: ...21 6 6 1 off LPG LPG 6 2...
Страница 124: ...52289141...