MK
VIVAX
11
КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕДОМАТОТ
1. Отворете го поклопецот, отстранете ја кошницата за лед и ставете
вода во спремникот.
2. Внимавајте нивото на вода да е под ознаката за максимално ниво.
3. За стартување на циклусот правање на коцки лед, притиснете го
копчето “Power” на управувачката плоча.
4. Доколку собната температура е пониска од 15°C, се препорачува
бирање на мала големина на коцки за да се избегне меѓусебно
лепење на коцките лед.
5. Циклусот правање на коцки трае 6 до 13 минути, зависно од
одбраната големина на коцки лед и амбиентална температура.
Препорачана собна температура за правење на коцки лед е во опсег
од 10°C до 43°C
6. Доколку пумпата за вода не може да вбризгува вода ледоматот
автоматски ќе престане да работи и ќе се вклучи индикаторот за
недостаток на вода. Пред повторно стартување почекајте минимално
3 минути за средството за ладење на легне.
7. Кога уредот ќе се наполни со коци лед и ќе се вклучи соодветниот
индикатор уредот автоматски ќе престане со работа.
Предупредување
: Директна сончева светлина или силно светло може
да предизвика работа на „инфраред“ сензорот. Ако уредот не
престане со работа и ако коцките лед го прекриваат сензорот,
поместете го уредот на место каде што нема да биде во контакт со
директна сончева светлина или силно светло.
8. Водата во спремникот менувајте ја на секој 24 саати за да обезбедите
разумно ниво на хигиена. Доколку немате намера да го користите
уредот подолго време, извадете ја целата преостаната вода во
спремникот.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕДОМАТ
Се препорачува пред користење темелно да го исчистите ледоматот.
1. Извадете ја кошницата за лед.
2. Внатрешноста исчистите ја со разреден детергент, топло вода и мека
крпа.
3. Потоа со вода испрете ги внатрешните делови и испуштете ја водата
со отстранување на поклопецот од одводот на предната долна
страна од уредот.
4. Надворешноста на ледоматот треба редовно да ја чистите со благ
детергент и топла вода.
5. Внатрешниот и надворешниот дел исушете го со мека крпа.
6. Доколку немате намера да го користите ледоматот подолго време во
целост испуштете ја водата и оставете внатрешноста на уредот да
се исуши.
Содержание IM-122T
Страница 2: ......
Страница 3: ...IM 122T Ledomat ...
Страница 17: ...IM 122T Ledomat ...
Страница 31: ...IM 122T Ледомат ...
Страница 45: ...IM 122T AL Udhëzime për shfrytëzim Ice maker ...
Страница 59: ...IM 122T EN User manual Ice maker ...
Страница 73: ......
Страница 74: ......
Страница 85: ... 0 1 1 1 1 1 2 1 34 5 46 46 78 2 1 1 1 1 9 5 1 1 1 1 1 1 1 1 1 78888 ...
Страница 87: ......
Страница 88: ...www vivax com ...