ПРВА УПОТРЕБА
Отворете го поклопецот (15) и ставете ја посакуваната количина на вода во спремникот за
вода. Можете да припремите најмногу 10 големи или 12 мали шољи во една постапка.
Трајниот филтер ставете го во држачот за филтер (4). Филтерот можете да го поставите во
држачот со помош на дршките за пренесуавање (2).
Страните на филтерот мораат да се поклопуваат со внатрешноста на држачот за фитлер.
Ставете соодветна количина филтер кафе (види на пакувањето) во трајниот филтер со помош
на мерната лажица (8), затворете го држачот за филтер со помош на поклопецот (1). Вметнете
го утикачот во штекер. Поставете го прекидачот ON/OFF на позиција I. Светлосниот индикатор
за работа ќе засвети и ќе започне течење на вода низ филтерот.
ВНИМАНИЕ: За да спречите кафе да тече од садот или вода од филтерот, немојте премногу да
го полните спремникот за вода.
НАПОМЕНА: вашиот апарат за кафе е опремен е со систем против капење (5) кој се наоѓа под
држачот за филтер, и овозможува повремено отстранување на садот за кафе без притоа од
филтерот да капе преостаната течност. Меѓутоа, за да спречите од држачот за филтер да тече
вода, садот за кафе вратете го на своето место.
Откако водата ќе помине низ апаратот за кафе, вратете го прекидачот ON/OFF на позиција 0.
Внимавајте при ставање на кафе од садот да не се излие топлото кафе и да предизвика
изгореници.
Откако целата вода ќе помине низ филтерот, грејната плоча (9) ќе продолжи со греење на
течноста во садот. Доколку веќе не сакате апаратот да грее, исклучете го од струја и
префрлете го прекидачот на OFF односно на 0 позиција.
Со помош на овој апарат можете да припремете и чај. Во трајниот филтер наместо кафе
ставете чај, или филтер вреќа за чај директно во садот.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Пред да започнете со чистење на уредот задолжително исклучете го струјниот кабел од
штекер и оставете уредот да се олади.
Кога ќе се олади телото на уредот пребришете го со мека, влажна крпа.
Никогаш немојте да го потопувате струјниот утикач, кабелот или самиот уред во вода или во
друга течност.
Држачот за филтер може да се помести и извади од својата позиција за лесно да се исчисти.
Исчистете ги сите делови на апаратот за кафе-држачот за филтер, поклопецот и трајниот
филтер со помош на топла вода и средство за чистење доколку е потребно.
Садот за кафе испрете го во топла вода со малку средство за чистење.
Садот за вода повремено избришете го со влажна крпа. За чистење немојте да користите
никакви абразивни средства!
ОТСТРАНУВАЊЕ НА КАМЕНЕЦ
Како би можел апаратот и понатаму одлично да работи, препорачуваме повремено
отстранување на каменецот. Колку почесто ќе го отстранувате каменецот зависи од вашата
вода и колку често го користите апаратот. Користите средство за отстранување на каменец
кое е исклучиво наменето за апарат за кафе и следете ги упатствата дадени од страна на
производителот.
Ставете свежа вода и соодветна количина на средство за отстранување на каменец во
спремникот за вода до максимално дозволено ниво.
Садот за кафе поставете го на грејна плоча.
Вклучете го апаратот за водата да протече низ филтерот. a
Откако водата ќе помине низ филтерот, отстранете го садот за кафе и излијте ја течноста.
Течноста во која се наоѓа средството за отстранвуање на каменец немојте да ја фрлате во
машина за перење на садови. Истата течност немојте да ја користите два пати.
Доколку е потребно постапката за отстранување на каменец можете да ја повторите уште
еднаш.
Содержание CM-08125F
Страница 2: ......
Страница 3: ...HR BIH CG Upute za uporabu CM 08125F Aparat za kavu ...
Страница 8: ......
Страница 9: ...SR BIH CG Korisničko uputstvo Aparat za kafu CM 08125F ...
Страница 13: ...AL Udhëzime për shfrytëzim CM 08125F Aparat për kafe ...
Страница 18: ......
Страница 19: ...MAK Упатства за употреба Aпарат за кафе CM 08125F ...
Страница 24: ......
Страница 25: ...EN User manual Coffee Maker CM 08125F ...
Страница 30: ......
Страница 43: ...www VIVAX com ...