Сигурносно упатство
1.
Ве молиме пред употреба на уредот внимателно прочитајте ги овие упатства за користење и сочувајте ги за во
иднина. Придржувајте се до упатствата за да избегнете повреда до која може да дојде со неправилно користење.
2. Доколку уредот го проследувате до некој друг, задолжително проследете му ги и овие упатства.
3. Не превзимаме никаква одговорност во случај на настанување на било каква штета и повредување при
неправилно користење на уредот.
4. Пред самото користење на електричниот уред, ве молиме проверете дали одговара струјниот напон со работниот
напон кој е наведен на налепницата од уредот.
5. Уредот e наменет за куќна употреба и за тоа не смеете да го користите во комерциални цели.
6. Уредот не е наменет за употреба од лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или ментални
способности, или недостаток на искуство и знаење освен доколку не се под надзор или упатено во начинот на
употреба на уредот од личноста задолжена за нивната безбедност.
7. Уредот поставете го на стабилна, рамна површина, подалеку од плин, печка и чувајте го ван дофат од деца.
8. Никогаш немојте сами да го расклопувате уредот за да не дојде до струен удар!
9. Во случај на дефект или неправилно работење, уредот смее да го отвара и поправа исклучиво квалификувана
личност. Во никој случај немојте да го отварате куќиштето од уредот.
10. Уредот немојте да го потопувате во вода.
11. Избегнувајте опасности кој можат да настат при оштетување на струјниот кабел со оштри предмети.
12. Доколку рацете ви се мокри немојте да го допирате утикачот.
13. Доколку за работа на уредот е потребен продужен кабел, внимавајте да е со соодветен работен напон.
14. Струјните кабли мораат да бидат правилно поставени така да од нив нема да се сопнувате или да бидат
истегнати од штекер, или да не предизвикаат паѓање.
15. Никогаш немојте да го исклучувате или поместувате уредот со влечење на струјниот кабел. Немојте да го мотате
струјниот кабел околу уредот. Редовно проверувајте го струјниот кабел за да забележите било какво оштетување.
16. Во куќиштето на уредот не е дозволено вметнување на било какви предмети.
17. Во случај на дефект, пред полнење или по употреба или пред чистење секогаш исклучете го уредот од струја.
18. Немојте да го користите уредот со оштетен струен кабел или утикач, доколку е расипан или оштетен на било
каков начин. Пред повторно да го користите однесете го уредот во најблискиот овластен сервис на преглед,
поправка или повторно прилагодување.
19. Опасност од изгореници: Грејната плоча и куќиштето можат да станат вруќи за време на работа. Стаклениот сад
држете го исклучиво за неговата рачка.
20. Садот за кафе е исклучиво наменет за овој уред.
21. Садот за кафе немојте да го ставате на мокра или ладна површина доколку е врел.
22. Овој уред е наменет исклучиво за куќна употреба.
23. Доколку во спремникот нема вода, уредот немојте да го користите.
24. Доколку не го користите уредот, исклучете го од струја.
25. Немојте да го поместувате уредот доколку во него се наоѓа врела течност.
Содержание CM-08125F
Страница 2: ......
Страница 3: ...HR BIH CG Upute za uporabu CM 08125F Aparat za kavu ...
Страница 8: ......
Страница 9: ...SR BIH CG Korisničko uputstvo Aparat za kafu CM 08125F ...
Страница 13: ...AL Udhëzime për shfrytëzim CM 08125F Aparat për kafe ...
Страница 18: ......
Страница 19: ...MAK Упатства за употреба Aпарат за кафе CM 08125F ...
Страница 24: ......
Страница 25: ...EN User manual Coffee Maker CM 08125F ...
Страница 30: ......
Страница 43: ...www VIVAX com ...