2
Villager
WP 10 E (МК)
ВОВЕД
Почитувани корисници:
Ви благодариме на довербата која ни ја укажавте со
купувањето на нашата моторна пумпа. Пред да почнете со користење на овој
производ, задолжително прочитајте го ова упатство за употреба – за да се
запознаете подобро со карактеристиките на уредот и за да можете со уредот
да ракувате на безбеден и прописен начин. Сочувајте го ова упатство на
безбедно место, за да можете подоцна да се потсетите – со употреба на
упатството. Доколку го позајмувате или продавате уредот, со уредот
проследете го и ова упатство за употреба. Доколку е потребно, новиот
корисник во целост запознајте го со уредот – за да се избегне оштетување на
уредот или повредување на корисникот или на други лица поради непрописно
ракување со уредот. Исто така, поради измена на карактеристиките, возможно
е дека сите детали од ова упатство нема да се поклопуваат со Вашиот уред. Ве
молиме имајте разбирање за тоа.
Уште еднаш Ви благодариме на купувањето на нашиот производ.
ОПИС НА СИМБОЛИТЕ
Oвој симбол, пред коментарот во врска со сигурноста, укажува
на мерките за претпазливост, предупредување или опасност.
Игнорирањето на ова предупредување за Вас или за другите
лица може да доведе до појава на несреќен случај. За да ја
намалите опасноста од повреди, пожар или електричен удар –
секогаш применете ги назначените препораки.
Пред секоја употреба, видете ги соодветните пасуси во ова
упатство. Прочитајте го овој прирачник со инструкции и
почитувајте ги сите предупредувања и безбедносни инструкции.
Бензинот е лесно запалив. Избегнувајте пушење или
принесување на било какви пламени или искри во близина на
горивото.
Издувниот систем и останатите делови на моторот се врели за
време на употребата, и затоа не допирајте ги.
Во согласност со соодветните сигурносни стандарди.
Гарантирано ниво на бука
Содержание WP 10 E
Страница 36: ...12 Villager WP 10 E RS ...
Страница 113: ......