![Tesla WT8C60M Скачать руководство пользователя страница 33](http://html1.mh-extra.com/html/tesla/wt8c60m/wt8c60m_user-manual_1091281033.webp)
33
MK
Избор на програми
1. Притиснете го тастерот [On/Off] (Вклучено/Исклучено). Кога LED-дисплејот ќе светне, изротирајте
го копчето за избор на програми за да ја изберете саканата програма.
2. Изберете ја опцијата [Delay] (Одложен почеток) или [Anti-Crease] (Против туткање) како би ги
активирале дополнителните функции.
3. Притиснете го тастерот [Start/Pause] (Почеток/Пауза).
Започнување на програмите
По започнување на работата на програмата, барабанот константно ќе се движи, ламбата за статус
на дисплејот ќе трепери, а прикажаното преостанато време за траење на циклусот автоматски ќе се
ажурира.
Крај на програмите
1. Барабанот, по завршување на програмата, ќе престане да се движи, LED-ламбата за статус на
машината ќе продолжи да светка, а звучниот сигнал ќе се огласи. Вклученото LED-светло на
опциите ”Filter“ (Филтер) и ”Full“ (Наполнето) ќе го потсети корисникот да го исчисти филтерот
и да го испразни кондензатниот сад. Доколку корисникот не ги извади алиштата во одреден
период, машината за сушење ќе ја активира опцијата [Anti-crease] (Против туткање) (видете
во упатството). Притиснете го тастерот [On/Off] (Вклучено/Исклучено) како би го прекинале
напојувањето и извлечете го приклучокот од штекер.
2. Доколку во текот на сушењето дојде до неочекуван прекин, при што на машината за сушење е
прикажано известување, проблемите решавајте ги во согласност со податоците наведени во
одделот „
Известувања за неправилности при работењето и решенија
“.
Останати опции
Упатство за употреба на опцијата [Delay] (Одложен почеток)
Оваа опција се користи за одложување на почетокот на сушење на алиштата за кој било период во
рамки на 24 часа. Временскиот период на одложување подразбира започнување на циклусот на
дадената програма после Х часа. Кога го активирате одложувањето на програмата за почеток на
работата, времето преостанато до почетокот на циклусот, прикажано на дисплејот, ќе почне да се
намалува, а иконата на опцијата „Одложен почеток“ ќе трепери.
Детални чекори:
1. Ставете ги алиштата во машината и уверете се дека вратата на машината е затворена.
2. Притиснете го тастерот [On/Off] (Вклучено/Исклучено), а потоа свртете го копчето за избор на
програми и изберете ја саканата програма.
3. Зависно од потребите, можете да ја изберете опцијата [Anti-Crease] (Против туткање).
4. Притиснете го тастерот [Delay] (Одложен почеток).
5. Последователно притискајте го тастерот [Delay] (Одложен почеток) како би го избрале периодот за
одложување на почетокот на циклусот.
6. Откако ќе го вклучите тастерот [Start/Pause] (Почеток/Пауза), машината за сушење алишта започнува
со одбројување. Циклусот на сушење автоматски ќе се активира по истекот на периодот за
одложување на почетокот.
7. Ако повторно го притиснете тастерот [Start/Pause] (Почеток/Пауза), ќе ја паузирате опцијата за
одложување на почетокот.
8. Доколку сакате да ја откажете опцијата [Delay] (Одложен почеток), притиснете го тастерот [On/Off]
(Вклучено/Исклучено).
Упатство за употреба на опцијата [Anti-Crease] (Против туткање)
Траењето на фазите против туткање на крајот од циклусот на сушење изнесува 30 минути
(стандардно) или 120 минути (избрана опција). Со оваа опција се спречува туткањето на алиштата.
Алиштата можат да се извадат од машината во текот на фазите против туткање. Оваа опција ја имаат
сите програми, освен [Cool] (Ладење), [Refresh] (Освежување), [Warm 30’] (Загревање 30’) и [Warm 60’]
(Загревање 60’).
Упатство за употреба на опцијата [Child Lock] (Заклучување заради детска безбедност)
1. Оваа машина има посебна опција за заклучување заради безбедност на деца, со која се спречува
децата непромислено да ги притискаат тастерите или погрешно да ја активираат машината.
Содержание WT8C60M
Страница 2: ......
Страница 27: ...27 MK I 8 3...
Страница 28: ...28 MK IEC International Electrotechnical Commission EU Model Ja ina struje WT8C60M 16A...
Страница 29: ...29 MK Posuda za kondenzat...
Страница 30: ...30 MK 30 1 2 3 4 1 2 1 2 3...
Страница 31: ...31 MK 0 00 2 1 2 3 4 1 2 3 4 5 6 7 8 9 1 2 3 4 5...
Страница 36: ...36 MK 1 2 3 4 5 6 2 1 2 3 4 5 6 7 8 9 3...
Страница 37: ...37 MK LED Full Child Lock 9h Child Lock 6h Child Lock 3h LED LED Full On Off...
Страница 39: ...39 MK 160 80 1 80 1 80 1 69 dB...
Страница 64: ...tesla info...