![Tesla 43T606SUS Скачать руководство пользователя страница 87](http://html1.mh-extra.com/html/tesla/43t606sus/43t606sus_user-manual_1091383087.webp)
87
MKD
Отстранување проблеми
Поголем дел од проблемите што ќе настанат во
врска со вашиот ТВ-уред може да ги решите со
помош на оваа листа за отстранување проблеми.
Нема слика, нема звук
1. Проверете дали работи осигурувачот.
2. Приклучете некој друг електричен уред
во штекерот за да бидете сигурни дека тој
функционира или дали е вклучен.
3. Приклучокот и штекерот немаат добар
контакт.
4. Проверете го изворот на сигнал.
Нема боја
1. Сменете го системот на бои.
2. Приспособете ја заситеноста.
3. Сменете го каналот. Можеби примате црно-
бела програма.
Далечинскиот управувач не работи
1. Заменете ги батериите.
2. Батериите не се правилно ставени.
3. Уредот не е приклучен на струја.
Нема слика, звукот е нормален
1. Приспособете ги осветлувањето и
контрастот.
2. Можеби дошло до прекин на емитувањето
на програмата.
Сликата е нормална, нема звук
1. Притиснете на тастерот
Vol+
за да ја
зголемите јачината на звукот.
2. Звукот е нагоден на безгласно. Притиснете
на тастерот безгласно (mute) за да го
вратите звукот на претходната јачина.
3. Сменете го системот на озвучување.
4. Можеби настанала грешка при емитувањето
на програмата.
Снег на сликата и пречки
Ако антената се наоѓа во граничната област на
телевизискиот сигнал, каде што сигналот е слаб,
на сликата може да се појави снег. Ако сигналот
е исклучително слаб, може да биде неопходно
поставување на специјална антена со која се
зајакнува приемот.
1. Нагодете ги позицијата и ориентацијата на
внатрешната/надворешната антена.
2. Проверете дали антената е поврзана.
3. Прецизно приспособете го каналот.
4. Сменете го каналот. Можеби дошло до
прекин на емитувањето на програмата.
Вклучување
Се појавуваат црни точки или хоризонтални
линии или сликата трепери или се поместува.
Најчеста причина за ова се пречки што се
предизвикани од системот за палење на
автомобили, неонски ламби, електрични
дупчалки или други електрични уреди.
Дупла слика
Причина за настанување дупли слики е
телевизискиот сигнал што следи две патеки.
Едната е директна патека, а другата е онаа што
настанува со одбивање на сигналот од високи
згради, ридови или други предмети. Приемот
може да се поправи со промена на насоката или
на позицијата на антената.
Пречки настанати поради радиофреквенција
Ваквите пречки доведуваат до појава на
бранови што се движат на сликата или по
дијагонални линии, а во некои случаи и до
губење на контрастот на сликата. Пронајдете
го и отстранете го изворот на пречки што се
настанати поради радиофреквенција
ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ
Содержание 43T606SUS
Страница 1: ...TV T606 USER MANUAL HUN ENG BGR GRC HRV ROU POL SLV SRB MKD BIH MNE ...
Страница 136: ...www tesla info ...