93
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сите упатства мора да се
прочитаат.
Непочитување на долу наведените
упатства може да предизвика струен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и
напатствија за во иднина.
Поимот “електричен алат”,
кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на
вашиот електричен алат (со приклучен кабел) и на
електрични алати со погон на батерии (без приклучен
кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a)
Одржувајте го вашето работно место чисто и
уредно.
Неуреден или темен работен простор може
да предизвикаат незгоди.
b)
Немојте да работите со уредот во средина во
која има опасност од експлозија, во која има
запалливи течности, гасови и прашина.
Електричните алати произведуваат искри кои можат
да запалат прашина или пареа.
c)
За време на употребата на електричниот алат,
децата и останатите лица држете ги подалеку од
местото каде работите.
Одвраќање, би можеле да
изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a)
Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако
не смее да се прават измени на штекерот. Не
користете адаптерски штекер заедно со уредот
кој е заштитно заземјен.
Не променети штекери и
соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од
електричен удар.
b)
Избегнувајте допир на телото со заземјени
површини, како што се цевки, радијатори, рерни
и фрижидери.
Постои зголемена опасност од
струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
c)
Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага.
Продирањето на вода во електричниот уред ја
зголемува опасноста од струен удар.
d)
Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за
носење, бесење на уредот или за извлекување
на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го
кабелот подалеку од топлина, масло, остри
рабови или деловите на апаратот кои се движат.
Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат
опасноста од струен удар.
e)
Кога го употребувате полначот надвор,
користете продолжен кабел кој е соодветен за
употреба на отворен простор.
Примената на
продолжен кабел соодветен за работа на отворен
простор ја намалува опасноста од струен удар.
f)
Доколку не може да се избегне работа со
електричниот алат во влажна средина,
користете прекинувач за струјна заштита при
технички проблеми.
Употребата на прекинувачот
за струјна заштита при технички проблеми го
намалува ризикот од електричен удар.
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУЃЕ
a)
Бидете внимателни, внимавајте што правите и
постапувајте внимателно додека работите со
електричниот алат. Не работете со уредот
доколку сте уморни или под дејство на дрога,
алкохол или лекови.
Еден момент на невнимание
при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b)
Носете ја личната заштитна опрема и секогаш
носете заштитни очила.
Носењето на личната
заштитна опрема, како што е маската за прашина,
безбедносната облека која не се лизга, заштитен
шлем или штитник за слух, зависно од видот и
примената на електричниот алат, ја намалува
опасноста од повреда.
c)
Избегнувајте невнимателно вклучување за
време на работата. Осигурајте се прекинувачот
да биде во “OFF” позиција пред да го ставите
штекерот во приклучокот.
Доколку го носите
електричниот алат со прстот на прекинувачот или го
приклучувате апаратот кој е приклучен со
напојување на струја, може да предизвикате
незгоди.
d)
Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите
за подесување или клучот за навртување.
Алатот
или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот,
може да предизвика незгода.
e)
Не ги преценувајте своите способности.
Завземете сигурен и стабилен став и во секој
момент одржувајте рамнотежа.
На тој начин
можете подобро да го контролирате уредот во
неочекувани ситуации.
f)
Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата, облеката и
ракавиците држете ги подалеку од деловите кои
се движат.
Комотната облека, накитот или долгата
коса може да бидат фатени во деловите кои се
движат.
g)
Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете дали
се вклучени и дали можат исправно да се
користат.
Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a)
Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба.
Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b)
Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен.
Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c)
Извлечете го штекерот од приклучокот пред
извршување на било какви подесувања на
апаратот, замена на приборот или складирање.
Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d)
Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него или
кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e)
Одржувајте го уредот со внимание. Имајте
контрола околу тоа дали движечките делови на
Содержание SANDER 7207
Страница 3: ...3 B A 5 6 3 4 ...
Страница 4: ...4 B A 7 E 8 9 ...
Страница 5: ...5 0 ...
Страница 6: ...6 a b ACCESSORIES www skil com ...
Страница 100: ...100 ...
Страница 101: ...101 ...
Страница 107: ...107 a b ت ا ق ح ل مل ا www skil com امللحقات ...
Страница 108: ...108 0 ...
Страница 109: ...109 B A 7 E 8 9 ...
Страница 110: ...110 B A 5 6 3 4 ...