Македонски - 40
додаток
1. Годишната потрошувачка на енергија се пресметува според 220 стандардни циклуси на
перење со програмите за памук на 60 °C и 40 °C со целосно и делумно полнење, како
и потрошувачката кога уредот е исклучен и кога е во режим на подготвеност. Точната
потрошувачка на енергија ќе зависи од начинот на користење на уредот.
2. Годишната потрошувачка на вода се пресметува според 220 стандардни циклуси на
перење со програмите за памук на 60 °C и 40 °C со целосно и делумно полнење. Точната
потрошувачка на вода ќе зависи од начинот на користење на уредот.
3. Всисувањето на центрифугата е многу важно кога за сушење на алиштата користите
машина за сушење на алишта.
Енергијата за сушење чини многу повеќе отколку енергијата за перење.
Перењето со силна центрифуга заштедува повеќе енергија при сушење на алиштата отколку
со машина за сушење на алишта.
4. Програмите "standard cotton 60 °C program" (стандардна програма за памук на 60˚C) и
"standard cotton 40 °C program" (стандардна програма за памук на 40˚C), кои можат да се
изберат со додавање на функцијата Intensive (интензивно) на програмите cotton 60 °C (памук
60˚C) и cotton 40 °C (памук 40˚C), се соодветни за чистење на нормално валкани памучни
алишта и најефикасни (во поглед на потрошувачката на вода и енергија) за овој тип на
алишта.
Функцијата Eco Bubble (еколошки меурчиња) секогаш се вклучува во склоп на "cotton 60 °C
program" (програма за памук на 60˚C) и "cotton 40 °C program" (програма за памук на 40˚C).
По инсталацијата активирајте го режимот за калибрирање (погледнете на страница 18).Кај
овие програми, вистинската температура на водата може да биде различна од објавената
температура.
5. Во димензиите за длабочина не е вклучено растојанието од уредот до ѕидот.
WF906U4SA-03147S-02_MK.indd 40
2014/12/24 11:39:47