перење на алишта
_27
02 перење на алишта
My cycle (мојот циклус)
Ви овозможува активирање на ваше сопствено перење (температура, центрифуга, ниво
на нечистотија итн.) со едно практично копче.
Притискајќи го копчето
My Cycle
(мојот циклус), притиснете го копчето My Cycle (мојот
циклус) повторно за да ги активирате и користите зачуваните опции на My Cycle (мојот
циклус). Индикаторот за “My Cycle” (мојот циклус) ќе засвети дека е активен. Исто така,
сијаличките за избраните циклуси и опции ќе почнат да трепкаат.
Сите опции за режимот My Cycle (мојот циклус) може да ги поставите на следниот начин.
1.
Отворете го доводот на вода.
2.
Притиснете го копчето
Power (напојување)
.
3.
Изберете циклус користејќи го
Cycle Selector
(Избирачот на циклус).
4.
По избирање на циклусот, поставете ја секоја опција.
Погледнете ја “табелата на програми” на страница 38 за да ги видите достапните
поставувања на опциите за секој циклус.
5.
Потоа може да ги зачувате избраниот циклус и опциите со притискање и задржување
на копчето
My Cycle
(мојот циклус) подолго од 3 секунди додека сте во режимот My
Cycle (мојот циклус). Циклусот и опциите кои ги избравте ќе се прикажат следниот пат
кога ќе ја изберете функцијата My Cycle (мојот циклус).
Можете да ги промените поставувањата на My Cycle (мојот циклус) со повторување
на истиот процес како и погоре. Следниот пат кога ќе ја изберете функцијата My
Cycle (мојот циклус) ќе се прикажат последните употребени поставувања.
Ако го притиснете копчето My Cycle (мојот циклус) 3 секунди и го пуштите, ќе се
појават циклусот и опциите кои претходно сте ги зачувале. Ако го притиснете и
задржите копчето My Cycle (мојот циклус) 3 секунди или подолго, циклусот и опциите
кои се тековно избрани ќе бидат зачувани, а LED сијаличката ќе трепка 3 секунди.
Перење на алишта со користење на избирачот за циклус
Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy
Control” системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење,
машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.
1.
Отворете ја славината за вода на лавабото.
2.
Притиснете го копчето
Power (напојување)
.
3.
Отворете ја вратата.
4.
Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5.
Затворете ја вратата.
6.
Додадете детергент, омекнувач и детергент за предперење (по потреба) во
соодветните прегради.
Pre-wash (предперење) е можно само кога се избрани програмите Cotton (памук),
Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Bedding (постелнина), Dark Garment (темна
облека), Daily Wash (вообичаено перење) и Baby care (грижа за бебиња). Потребна е
единствено доколку ткаенините се многу валкани.
7.
Користете го
Избирачот за циклус
за избор на соодветниот циклус во зависност од
типот на материјалот: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Bedding
(постелнина), Dark Garment (темна облека), Daily Wash (вообичаено перење), Eco Drum
Clean (еколошко чистење на барабанот), Super Eco Wash (супер еколошко перење),
Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот), Baby Care (грижа за бебиња), Wool (волна),
Hand Wash (рачно перење).На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.
8.
Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да
ги контролирате температурата на перењето, бројот на плакнењата, брзината на
центрифугата и времето на одложено завршување.
9.
Притиснете го копчето
Start/Pause (активирање/пауза)
и перењето ќе започне. Индикаторот
за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.
Опција за пауза
Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/
извадите облека.
1.
Притиснете го копчето
Start/Pause (активирање/пауза)
за отклучување на вратата.
Вратата не може да се отвори кога водата е премногу ЖЕШКА или кога нивото на
водата е премногу ВИСОКО.
2.
По затворањето на вратата, притиснете го копчето
Start/Pause (активирање/пауза)
за повторно започнување на перењето.
Кога циклусот е завршен:
Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи.
1.
Отворете ја вратата.
2.
Извадете ги алиштата.
WF1802WF-03061D-04_MK.indd 27
2013-7-20 12:40:11
Содержание WF1800WF
Страница 43: ...memo WF1802WF 03061D 04_EN indd 43 2013 7 20 10 03 13 ...
Страница 87: ...бележки WF1802WF 03061D 04_BG indd 43 2013 7 20 13 22 46 ...
Страница 131: ...poznámky WF1802WF 03061D 04_CS indd 43 2013 7 20 10 03 34 ...
Страница 175: ...meelespea WF1802WF 03061D 04_ET indd 43 2013 7 20 13 20 37 ...
Страница 219: ...σημειώσεις WF1802WF 03061D 04_GK indd 43 2013 7 20 10 19 58 ...
Страница 263: ...zabilješke WF1802WF 03061D 04_HR indd 43 2013 7 20 10 34 13 ...
Страница 307: ...jegyzet WF1802WF 03061D 04_HU indd 43 2013 7 20 10 38 44 ...
Страница 351: ...atmintinė WF1802WF 03061D 04_LT indd 43 2013 7 20 10 43 44 ...
Страница 395: ...atgādne WF1802WF 03061D 04_LV indd 43 2013 7 20 10 51 07 ...
Страница 439: ...белешки WF1802WF 03061D 04_MK indd 43 2013 7 20 12 40 20 ...
Страница 483: ...Note WF1802WF 03061D 04_RO indd 43 2013 7 20 12 44 54 ...
Страница 527: ...Заметки WF1802WF 03061D 04_RU indd 43 2013 7 20 13 28 18 ...
Страница 571: ...poznámky WF1802WF 03061D 04_SK indd 43 2013 7 20 12 59 07 ...
Страница 615: ...shënime WF1802WF 03061D 04_SQ indd 43 2013 7 20 13 03 57 ...
Страница 659: ...podsetnik WF1802WF 03061D 04_SR indd 43 2013 7 20 13 08 09 ...