Македонски
399
Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалки
•
Слушањето со висока јачина на тонот може да му
наштети на Вашиот слух.
•
Слушањето со висока јачина на тонот може да го
оттргне Вашето внимание и да предизвика несреќа.
•
Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги вклучите
слушалките во изворот на звук и користете го само нагодувањето
за јачина на минимум, потребно да го слушате Вашиот разговор или
музика.
•
Во суви средини, може да се појави статички лектрицитет во
слушалките. Избегнувајте користење слушалки во суви средини
или допрете метален предмет за да го испразните статичкиот
електрицитет пред да ги приклучите слушалките во уредот.
•
Не користете слушалки додека возите. Во спротивно може да дојде до
одвлекување на Вашето внимание и да доведе до несреќа, или може
да биде незаконски во зависност од Вашиот регион.
Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или
кога сте во движење
Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди
кај Вас и кај другите.
Не носете го уредот во задните џебови или околу половината
Ако паднете, може да се повредите или да го оштетите уредот.
Не го обојувајте уредот и не ставајте лепенки врз него
•
Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го
спречат правилното работење.
•
Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да
почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако дојде
до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се со
Вашиот лекар.
Не користете го уредот ако е напукнат или скршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице.
Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде
поправен.