- 54 -
Македонски
MK
ОпШтО
Прочитајте ги внимателно следните важни информации
за местењето, безбедноста и одржувањето. Чувајте ја
брошурата на достапно место за подоцнежна референца.
Апаратот е конструиран за употреба како верзија за во
вентилација (издувување воздух нанадвор – слика 1B),
верзија со филтер (кружење на воздухот внатре - слика
1A) или со надворешен мотор (слика 1C).
БеЗБедносни МеРки
1.
Внимавајте кога аспираторот работи заедно со отворено
огниште или плински шпорет коишто зависат од околниот
воздух и не се на електричен погон, бидејќи аспираторот го
влече воздухот што им е потребен за горење. Негативниот
притисок во околината не смее да надминува 4Pa (4x10-5
bar). Овозможете соодветно проветрување во околината за
безбедна работа на аспираторот. Почитувајте ги локалните
закони што важат за издувување воздух надвор.
пред да го поврзете апаратот со електричната мрежа:
- Проверете на плочката со податоци (сместена внатре
во апаратот) за да видите дали напонот и моќноста се
соодветни за електричната мрежа и приклучоците. Ако се
сомневате, посоветувајте се со квалификуван електричар.
- Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се замени со друг
кабел или посебен комплет за напојување којшто може да
се набави директно од производителот или од Центарот
за техничка помош.
- Поврзете го апаратот со електричната мрежа преку
приклучок обезбеден со осигурувач од 3 A или со 2 фазни
жици заштитени со осигурувач од 3 A.
2. предупредување!
во одредени околности електричните апарати може
да бидат опасни.
А) не проверувајте ја состојбата на филтрите додека
работи аспираторот.
б) не допирајте ги сијалиците или подрачјето околу нив
за време или после подолга употреба на инсталацијата
за осветлување.
в) Забрането е фламбирање под аспираторот.
Г) Избегнувајте отворен пламен бидејќи е опасен за
филтрите и може да предизвика пожар.
д) постојано проверувајте ја храната што се пржи затоа
што прегреаното масло може да предизвика пожар.
Ѓ) Исклучете го апаратот од електричната мрежа пред
какво било одржување.
е) Апаратот не е наменет да го употребуваат мали деца
или немоќни лица без надзор.
ж) треба да се внимава мали деца да не си играат со
апаратот.
З) Мора да има соодветно проветрување во
просториите каде што аспираторот се користи заедно
со апарати што горат гас или други горива.
Ѕ) постои опасност од избивање пожар ако апаратот
не се чисти согласно со упатствата.
Апаратот е произведен според барањата на европската
Директива EC/2002/96 за отпадна електрична и електронска
опрема (WEEE). Фрлајќи го апаратот на соодветен начин,
корисникот помага да се спречи потенцијалната штета за
животната средина и здравјето.
Симболот на производот или на придружната
документација укажува дека апаратот не смее да се
фрла како обичен отпад, туку да се однесе на
соодветно место за рециклирање електрични и
електронски апарати. Почитувајте ги локалните упатства
за фрлање отпад. За повеќе информации за обработката,
повторната употреба и рециклирањето на овој производ,
обратете се кај локалните власти, комуналната служба или
продавницата кадешто сте го купиле апаратот.
уПатстВо За МестеЊе
• составувањето и поврзувањето на електриката треба
да го вршат квалификувани лица.
• користете заштитни ракавици пред да почнете со
монтирањето.
• Поврзување на електриката:
Напомена: Проверете на етикетата со податоци во
апаратот:
- Ако на плочката го има симболот
, тоа значи дека
апаратот не смее да се вземјува, затоа постапете според
упатствата за изолација класа II.
- Ако на плочката ГО НЕМА симболот , постапете според
упатствата за изолација класа I.
Изолација класа II
- Апаратот е произведен како класа II, затоа не е потребен
кабел за вземјување. Приклучникот за струја мора да е
лесно достапен по местењето на апаратот. Ако е апаратот
опремен со кабел за струја без приклучник, меѓу апаратот
и електричното напојување мора да се монтира соодветен
повеќеполен прекинувач со минимални отвори од 3 мм
помеѓу контактите, во согласност со оптовареноста и
тековните прописи.
- Поврзувањето со електричната мрежа се врши на
следниов начин:
КАФЕНА =
Ф
аза
СИНА =
н
ула.
Изолација класа I
Ова е производ од класа I и затоа мора да се поврзе со
добро вземјена електрична мрежа.
Апаратот треба да се поврзе со електричната мрежа на
следниов начин:
КАФЕНА =
Ф
аза
СИНА =
н
ула
ЖОЛТА/ЗЕЛЕНА = земја
Жицата за нула треба да се поврзе со терминалот со
симболот N, додека жолто/зелената жица треба да се
поврзе со терминалот означен со симболот за вземјување
. Кога го поврзувате апаратот со електричната мрежа,
проверете дали штекерот е со заземјување. Откако ќе го
прицврстите аспираторот за во вентилација, проверете
дали електричниот приклучник е лесно достапен. Доколку
апаратот е приклучен директно во електричната мрежа,
меѓу апаратот и електричната мрежа треба да се постави
повеќеполен прекинувач со минимално растојание од 3 mm
меѓу контактите, со соодветна големина за електричното
оптоварување и според локалните стандарди.
•
растојанието меѓу капаците на садовите за готвење
ставени на шпоретот и најнискиот дел на аспираторот мора
да биде најмалку
65 cm
. Ако се користи ќунк од два дела,
горниот дел мора да се постави од надворешната страна на
Содержание SQUARE CHIMNEY
Страница 2: ......
Страница 3: ...3 C A A B C max 90 cm A 20 A I M Fig 4 Fig 2 Fig 3 Fig 5 Fig 1...
Страница 4: ...4 B A B C D E F B C Fig 14 Fig 6 Fig 8 Fig 10 Fig 12 Fig 7 Fig 9 Fig 11 Fig 13...
Страница 28: ...28 3 L N I I L N N 3 65 7 ON 90 OFF 100 A 2 A P 5 I A 3 2 C 5 C B P 6 M I 4 90 8 15 1 4...
Страница 47: ...47 II I II II 3mm L N I I L N N 3 mm 65 cm 7 ON 90 OFF 100 A 2 2 A 5 A 3 2 C 5 B 6 M I 4 90 6 15...
Страница 54: ...54 MK 1B 1A 1C 1 4Pa 4x10 5 bar 3 A 2 3 A 2 EC 2002 96 WEEE II I II II 3 I I N 3mm 65 cm...
Страница 55: ...55 7 ON 90 OFF 100 2 A 5 3 2 5 B 6 4 90 8 15 4 13 B C LED 14 LED 15 c 9 A A1 A2 B Gemma C C1 C2 C3 C4 10 A B...
Страница 59: ......
Страница 60: ...3LIK1235...