125
2. Проверете дали задниот каиш што покажува „Philips Respironics“ е свртен нанадвор и дали
десната страна е свртена нагоре.
3. Провнете го горниот каиш од ремените во горните отвори на рамката.
4. Поврзете ги спојниците од ремените со долните отвори на рамката или провнете го
долниот каиш на ремените во долните отвори на рамката.
8 Совети за удобност за негувателите
•
Доколку детето сака да спие во одредена положба, имајте ја во предвид при поставување на
апаратот.
•
Најчеста грешка е прекумерното затегнување на ремените. Ремените треба да бидат лабави
и удобни. Доколку се набабри кожата околу маската или доколку се појави црвенило,
олабавете ги ремените.
•
Доколку е неопходно, приспособете го каишот за темето за да ги преместите ремените од
ушите.
•
Спојниците за ремените се изборни. Доколку претпочитате, може да го вденете каишот на
ремените директно преку отворот на рамката.
•
Зглобот за брзо ослободување овозможува маската да биде привремено откачена од
цевките без детето да треба да ја отстранува. Зглобот може набрзина да се намести кога
детето ќе се врати в кревет.
•
Карактеристиката за изборно управување со цевките ја преместува цевката од предниот
дел на телото и ја пренасочува преку главата на детето. Карактеристиката за брзо
ослободување не може да се користи кога цевката е пренасочена преку главата користејќи
ја јамката за управување со цевките на навлаката за цевката.
•
Маската може да се отстрани од главата на детето прво со лизгање на маската нагоре преку
рамката или прво на ремените, по желба на детето. Децата може полесно да го прифатат
процесот доколку прво се отстранат ремените, повлекувајќи ја маската од лицето, наместо
прво нагоре преку рамката за лицето.
9 Информации за здравствениот работник и за клиничарот
Контрола на отпорноста на Philips Respironics System One
Употребата на маската со уредот на Philips Respironics System One овозможува оптимална
удобност. Давателот ја определува оваа вредност (X1) на вашиот уред.
Употреба кај повеќе пациенти
Погледнете го Упатството за дезинфекција за професионални корисници за тоа како да ја
обработите маската по секој пациент во клинички услови. Пристапете до последната верзија
од Упатството за дезинфекција на www.healthcare.philips.com или контактирајте со службата за
корисници на +1-724-387-4000 или со Respironics Deutschland на +49 8152 93060.
Спецификации
Техничките спецификации за маската се дадени со цел вашиот здравствен работник да може
да утврди дали таа соодветствува со вашиот уред за терапија и дали предупредувањата
и алармите функционираат правилно.
Предупредување:
употребата надвор од овие спецификации може да доведе до
спроведување на неефикасна терапија. Кривата за проток на притисокот прикажана подолу
ги дава приближно очекуваните резултати. Прецизните мерења може да се разликуваат.