
MK Упатства за употреба
Инсталација и употреба:
1)
Поставете го напојувањето (PSU) во исправена положба во куќиштето на Вашиот компјутер, а потоа со
штрафови цврсто прицврстете го за куќиштето.
2)
Со правилните приклучоци за напојувањето поврзете го истото со матичната плоча и другите периферни
уреди како CD/DVD, HDD, итн.
3)
Прицврстете ги и поврзете ги сите кабли внатре во компјутерското куќиште.
4)
По завршување на правилната инсталација на компонентите внатре во куќиштето, Ве молиме со
штрафовите исправно затворете го компјутерското куќиште.
5)
Поставете го прекинувачот за напојувањето (прекинувач “I/O”) во положба за исклучено (“O” ), а потоа
вклучете го кабелот за напојувањето во струјниот приклучок со напон од 230V.
6)
Вклучете го напојувањето со оставување на прекинувачот за напојување (прекинувач“I/O”) во положба
“I”.
7)
По вклучување на напојувањето (прекинувачот за напојување е поставен во положба “I”), со функцијата
“ВКЛУЧУВАЊЕ-ИСКЛУЧУВАЊЕ” компјутерот исто така може да се управува со помош на матичната плоча.
8)
Доколку не го користите Вашиот компјутер подолго време, исклучете го напојувањето и исклучете го
кабелот за напојување од струјниот приклучок.
Отстранување на напојувањето:
1)
Со прекинувачот за напојување (прекинувач “I/O”) исклучете го напојувањето (положба “O”).
2)
Внимателно исклучете го кабелот за напојување од напојувањето.
3)
Отворете го капакот на компјутерското куќиште, а потоа исклучете ги сите приклучоци од матичната
плоча и периферните уреди.
4)
Со штрафцигер одштрафете го напојувањето, а потоа внимателно отстранете го од куќиштето.
Отстранување на проблеми:
Доколку напојувањето не работи правилно, Ве молиме проверет ги следниве чекори:
1.
Ве молиме проверете дали напојувањето е правилно вклучено во срујниот приклучок со напон од 230V.
2.
Ве молиме проверете дали прекинувачот I/O е поставен во положба "I".
3.
Ве молиме проверете го напонскиот прекунувач (115V/230V, опционо) на напојувањето. Би требало да
биде поставен на соодветниот напон (230V).
4.
Ве молиме проверете дали матичната плоча и сите периферни уреди внатре во Вашето компјутерско
куќиште се правилно поврзани.
5.
Ве молиме неколку пати напоредно вклучете го и исклучете го напојувањето го напојувањето (со помош
на прекунувачот I/O), при што интервалот помеѓу вклучувањето и исклучувањето мора секој пат да биде
минимално во траење од 5 минути.
6.
Проверете ги главните компоненти на Вашиот компјутер, како што се матичната плоча, процесорот
(CPU), графичката картичка (VGA), главната меморија (RAM).
7.
Доколку сите горе наведени чекори не можат да Ви помогнат, Ве молиме за помош обратете се на
професионални сервисери за компјутери.
Одржување:
1)
По можност чувајте го Вашиот компјутер на ладно, чисто, место со провев.
2)
Доколку локалниот напон не е стабилен, се препорачува употреба на уред за непрекинато напојување
(UPS) за да се осигура стабилен напон.
3)
Чувајте го компјутерот на чисто.
4)
Повремено проверувајте го вентилаторот на Вашето напојување.
5)
Доколку вентилаторот на Вашето напојување стане прашлив и бучен, Ве молиме обратете се на
професионален сервисер за компјутери поради проверка на состојбата на вентилаторот, исчистете го,
или заменете го вентилаторот доколку е потребно, бидејќи ладењето е неопходно за правилна работа и
векот на траење на напојувањето.
Внимание:
1)
Неправилното поврзување и вклучување во приклучок со погрешен напон може да го оштети Вашиот
компјутер.
2)
Не го заплеткувајте кабелот за напојување и не го допирајте металниот дел на приклучокот.
3)
При исклучувањето, држете го приклучокот и потегнете го. Не го повлекувајте кабелот.
4)
Не го отворајте сами напојувањето, тоа може да предизвика струен удар или други повреди.
5)
Не го оставајте Вашиот компјутер директно изложен u1085 íа сончева светлина или место со висока
температура, бидејќи тоа може да ги оштети компонентите.
6)
Не истурајте течности на напојувањето, бидејќи тоа може да ги оштети деловите на напојувањето.
Содержание PLATINUM PRO 400W 80PLUS
Страница 1: ......