
124
Mak
g) Проверете го парчето за обработка пред да
започнете со сечењето. Ако парчето за обработка
е накривено или навалено, прицврстете ја
надворешната навалена страна на граничникот.
Секогаш проверувајте дали има луфта меѓу парчето за
обработка, граничникот и масата покрај линијата на
сечење.
Накривено или навалено парче за обработка може
да се извитка или помести и да предизвика замотување на
сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или
други туѓи предмети во парчето за обработка.
h) Не ја употребувајте пилата ако на масата, освен
парчето за обработка, има алати, дрвени остатоци и
др.
Ако малите остатоци или расфрлените парчиња дрво или
другите предмети се допрат до ротирачкото сечило, може да
се расфрлаат со голема брзина.
i) Сечете само едно парче.
Ако повеќе парчиња се
наредени едно врз друго, не може соодветно да се зацврстат
или поврзат, па може да се фатат за сечилото или да се
изместат во текот на сечењето.
j) Проверете дали пилата за сечење под агол е
монтирана или наместена на рамна, цврста работна
површина пред да ја користите.
Рамната и цврста работна
површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да
стане нестабилна.
k) Испланирајте ја работата. Секојпат кога ќе
ја промените косината или подесениот агол на
закосување, проверете дали граничникот кој се
подесува е правилно поставен за држење на парчето и
дека нема да му пречи на сечилото или на заштитниот
систем.
Без да го вклучување алатот на „ON“ и без ставено
парче за обработка на масата, движете го сечилото на пилата
низ целосно симулиран пресек, за да проверите дали има
некакви пречки, или опасност да се пресече граничникот.
l) Обезбедете соодветен потпирач, како на пр.
продолжеток на масата, ногарки за потпора на пилата
и др., за парчиња за обработка кои се пошироки или
подолги од горниот дел на масата.
Ако парчињата за
обработка се подолги или пошироки од пилата за сечење под
агол, тие може да паднат доколку не се прицврстени. Ако
отсеченото парче или парчето кое се обработува се навали,
може да ја подигне долната заштита или да биде исфрлено од
самото ротирачко сечило.
m) Не користете друго лице како замена за
продолжеток на масата или како дополнителен држач.
Нестабилен држач за парчето кое се обработува може да
предизвика зафаќање на сечилото или поместување на
парчето за обработка во текот на сечењето, па да Ве повлече
Вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
n) Отсеченото парче никако не смее да се заглави или
да притиска кон ротирачкото сечило.
Ако се заглави, т.е.
со помош на должинските граничници, отсеченото парче
може да се заглави на сечилото и силно да биде исфрлено.
o) Секогаш користете стега или прицврстувач кој
е правилно дизајниран за држење на тркалезен
материјал, како на пр. мотки или цевки.
Мотките се
склони да се вртат додека ги сечете, па предизвикуваат
сечилото да го „зафаќа“ и влече парчето со Вашата рака кон
сечилото.
p) Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред
да го допре парчето за обработка.
Со ова ќе се намали
ризикот парчето за обработка да биде исфрлено.
q) Ако парчето за обработка или сечилото биде
блокирано, исклучете ја пилата за сечење под агол.
Почекајте сите подвижни делови да запрат и исклучете
го приклучокот од струја и/или извадете ги батериите.
Потоа извадете го заглавениот материјал.
Ако
продолжите да сечете со заглавено парче за обработка, може
да изгубите контрола или да ја оштетите пилата.
r) Откако ќе завршите со сечењето, ослободете
го копчето, држете ја главата на пилата надолу и
почекајте сечилото да застане пред да го извадите
исеченото парче.
Доближување на раката до сечилото кое
сè уште се врти, е опасно.
s) Држете ја цврсто рачката кога правите нецелосно
сечење или кога го ослободувате прекинувачот, пред
главата на пилата да биде целосно во позиција надолу.
Закочувањето на пилата може да предизвика главата на
пилата одеднаш да биде повлечена надолу, па да предизвика
ризик од повреда.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете штитник за уши.
Влијанието на бука може да
предизвика губење на сетилото за слух.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто
така препорачливо е да се носат очила, цврсти чевли кои не се
лизгаат и престилка.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Приклучете ја пилата за правосмукалка, кога обработувате
дрво.
Носете ракавици!
Пред да го употребите алатот ве молиме прочитајте
ги инструкциите. Доколку е возможно со претходна
демонстрација.
Обезбедете, машината да стои постојано цврсто (на пример
прицврстување на работната маса).
Одржувајте го подот чист од остатоци на материјал, на
пример струготини или остатоци од пилење.
Не употребувајте оштетени или деформирани дискови.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Смее да се користи само алат што одговареа на нормата
EN-847-1
Не користете сечила за пила кои се направени од
високобрзински челик
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да
биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на
вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу,
може да се скриша и да излета.
Алатите треба да се транспортираат и чуваат во соодветен
контејнер.
Македонски
Содержание MS 304 DB
Страница 5: ...2 I 1 2 2 25 kg 55 lbs 1 ...
Страница 6: ...3 I 1 2 3 5 3 1 2 2 25 kg 55 lbs 4 ...
Страница 7: ...4 1 II 2 1 3 2 7 x 2 1 2 ...
Страница 8: ...5 II 4 5 6 ...
Страница 9: ...6 II 2 1 3 4 EN 847 1 ...
Страница 10: ...7 II 8 7 6 5 ...
Страница 11: ...8 1 III 1 2 2 ...
Страница 12: ...9 IV 1 2 3 ...
Страница 13: ...10 V 0 15 22 5 31 6 45 60 0 15 22 5 31 6 45 0 60 0 55 1 1 1 2 4 5 2 1 1 2 3 ...
Страница 14: ...11 VI 0 45 33 9 22 5 45 33 9 22 5 2 1 0 22 5 33 9 45 0 45 3 ...
Страница 15: ...12 VII Stop Start 1 2 ...
Страница 16: ...13 VIII 2 3 1 2 1 1 1 2 ...
Страница 18: ...15 X 1 2 Start ...
Страница 19: ...16 VI AS 30 MAC AS 42 MAC ...
Страница 20: ...17 XII 4 6 1 2 3 5 1 x 1 x Start Stop ...
Страница 21: ...18 XII 1 2 3 4 1 x Start Stop ...
Страница 22: ...19 XIII 1 2 90 00 89 65 3 4 90 89 65 1 x ...
Страница 23: ...20 XIII 8 5 6 7 ...
Страница 25: ...22 XIII 1 2 ...
Страница 138: ...Copyright 2018 Techtronic Industries GmbH Max Eyth Straße 10 71364 Winnenden Germany 49 0 7195 12 0 12 18 4931 4252 41 ...