![Makita HR2650 Скачать руководство пользователя страница 49](http://html.mh-extra.com/html/makita/hr2650/hr2650_instruction-manual_232609049.webp)
49
МАКЕДОНСКИ
►
Сл.29:
1.
Ракав
2.
Прстен
За да ја извадите бургијата, држете го прстенот и
свртете го ракавот налево.
Дупчење со дијамантска бургија
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако дупчите со бургии со
дијамантско јадро во режим „ротирање со
ковање“, бургијата со дијамантско јадро може
да се оштети.
Кога дупчите со бургии со дијамантско јадро,
секогаш поставувајте го лостот за промена на
положбата за користење на режимот „само
ротација“.
Фрлање на правот во отпад
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
ВНИМАНИЕ:
Погрижете се да носите маска
за прав кога го фрлате правот во отпад.
ВНИМАНИЕ:
Редовно празнете ја кутијата
за прав пред таа да се наполни.
Во спротивно,
може да се намалат перформансите на собирачот
на прав и да се предизвика вдишување на правот.
ВНИМАНИЕ:
Перформансите на собирачот
на прав се намалуваат, доколку филтерот
во кутијата за прав се затне. Како насока,
заменете го филтерот со нов по приближно 200
пати полнење со прав.
Во спротивно може да
дојде до вдишување прав.
1.
Отстранете ја кутијата за прав додека го
притискате надолу лостот на кутијата за прав.
►
Сл.30:
1.
Лост
2.
Отворете го капакот од кутијата за прав.
►
Сл.31:
1.
Капак
3.
Фрлете го правот во отпад и потоа исчистете го
филтерот.
►
Сл.32
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го чистите филтерот, не
допирајте го со четка или слично, ниту пак
дувајте компримиран воздух на филтерот. Тоа
може да го оштети филтерот.
Издувна пумпа
Опционален додаток
По дупчењето на дупката, употребете ја издувната
пумпа за да ја исчистите прашината од дупката.
►
Сл.33
Користење на комплетот со чаша
за прав
Опционален додаток
Кога работите со алатот, поставете го комплетот со
чаша за прав кон таванот.
►
Сл.34
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го комплетот
со чаша за прав кога дупчите во метал или
слично. Тоа може да го оштети комплетот
со чаша за прав поради топлината што се
произведува од ситната метална прашина или
слично.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не монтирајте го, ниту
отстранувајте го комплетот со чаша за прав
додека бургијата е поставена во алатот. Тоа
може да го оштети комплетот со чаша за прав и
може да предизвика излегување на правот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Замена на филтерот од кутијата за
прав
1.
Отстранете ја кутијата за прав додека го
притискате надолу лостот на кутијата за прав.
►
Сл.35:
1.
Лост
2.
Вметнете го плоснатиот шрафцигер во
отворите на капакот на филтерот за да ја отстраните
кутијата на филтерот и филтерот.
►
Сл.36:
1.
Плоснат шрафцигер
2.
Кутија на
филтерот
3.
Отстранете го филтерот од кутијата на
филтерот.
►
Сл.37:
1.
Филтер
2.
Кутија на филтерот
4.
Прикачете нов филтер на кутијата на
филтерот, а потоа прикачете ги на кутијата за прав,
порамнувајќи го издадениот дел на кутијата на
филтерот со жлебот на кутијата за прав.
►
Сл.38:
1.
Издаден дел
2.
Жлеб
5.
Затворете го капакот од кутијата за прав и
потоа прикачете ја на алатот.
Содержание HR2650
Страница 2: ...2 1 Fig 1 2 1 Fig 2 1 B A Fig 3 1 1 A B Fig 4 2 1 3 Fig 5 2 1 3 4 Fig 6 1 2 Fig 7 1 Fig 8 2 ...
Страница 3: ...1 Fig 9 1 2 Fig 10 1 A Fig 11 1 Fig 12 1 Fig 13 1 2 Fig 14 1 Fig 15 1 2 Fig 16 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 17 1 2 Fig 18 1 Fig 19 1 Fig 20 1 2 Fig 21 1 Fig 22 1 2 Fig 23 Fig 24 4 ...
Страница 5: ...Fig 25 Fig 26 Fig 27 1 2 Fig 28 1 2 Fig 29 1 Fig 30 1 Fig 31 Fig 32 5 ...
Страница 6: ...Fig 33 Fig 34 1 Fig 35 1 2 Fig 36 1 2 Fig 37 1 2 Fig 38 1 2 Fig 39 6 ...