101
МАКЕДОНСКИ
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, тој автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Оставете алатот да се излади
пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Ослободување на заштитната
блокада
Кога системот за заштита работи постојано, алатот
се заклучува.
Во оваа ситуација, алатот не стартува дури ни ако
го исклучувате и вклучувате. За да ја ослободите
заштитната блокада, извадете ја батеријата,
поставете ја на полначот за батерии и почекајте
додека не заврши полнењето.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за
други причини што може да го оштетат алатот и
овозможува тој да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога алатот е доведен до привремено запирање или
престанување на работата.
1. Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2. Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3. Оставете ги алатот и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја монтирате
батеријата во алатот, секогаш проверувајте
дали функционира правилно клизниот
прекинувач и дали се враќа во положбата
„OFF“ кога ќе се притисне задниот дел од
клизниот прекинувач.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON“ за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON“ и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
За да го стартувате алатот, притиснете го задниот
дел од лизгачкиот прекинувач, потоа лизгајте го во
положба „I (ON)“. За непрекината работа, притиснете
го предниот дел од лизгачкиот прекинувач за да го
блокирате.
►
Сл.3:
1.
Лизгачки прекинувач
За да го исклучите алатот, притиснете го задниот
дел од лизгачкиот прекинувач, потоа лизгајте го во
положба „O (OFF)“.
►
Сл.4:
1.
Лизгачки прекинувач
Содержание GA040G
Страница 2: ...2 2 3 1 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 Fig 6 ...
Страница 3: ...3 3 2 1 Fig 7 2 B 1 A B Fig 8 2 1 A C C Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 ...
Страница 4: ...4 Fig 12 1 Fig 13 1 2 Fig 14 1 2 A B Fig 15 2 4 3 1 Fig 16 1 2 Fig 17 1 A B Fig 18 ...
Страница 5: ...5 Fig 19 1 2 Fig 20 15 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 ...
Страница 6: ...6 1 Fig 27 1 4 2 3 Fig 28 2 3 1 Fig 29 1 Fig 30 1 1 2 2 Fig 31 Fig 32 ...
Страница 7: ...7 1 Fig 33 1 2 Fig 34 1 Fig 35 1 Fig 36 1 1 2 2 Fig 37 1 2 Fig 38 ...
Страница 8: ...8 1 Fig 39 2 6 7 4 5 5 2 2 8 10 9 3 1 Fig 40 ...
Страница 182: ...182 ...
Страница 183: ...183 ...