![Makita GA036GZ Скачать руководство пользователя страница 67](http://html.mh-extra.com/html/makita/ga036gz/ga036gz_instruction-manual_226671067.webp)
67
МАКЕДОНСКИ
Одлика за меко стартување
Одликата за меко стартување ја намалува почетната реакција.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Местење на страничниот држач (рачка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
страничниот држач е наместен цврсто пред да
работите.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
►
Сл.5
Монтирање или отстранување на
штитникот за тркало
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
:
Кога користите
тркало со вдлабнато средиште, повеќеделен
диск, флекси-тркало или тркало со жичена
четка, штитникот за тркалото треба да се
монтира на алатот, така што затворената страна
на штитникот да биде свртена кон операторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Осигурете се дека
штитникот за тркало е безбедно заклучен со лостот за
блокирање со еден од отворите на штитникот за тркало.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите
тркало за абразивно сечење/дијамантско тркало,
внимавајте да го користите само специјалниот
штитник конструиран за тркалата за сечење.
(Во некои европски земји може да се користи и
обичниот штитник при користење на дијамантските
тркала. Почитувајте ги прописите во земјата.)
За тркало со вдлабнато средиште,
повеќеделен диск, флекси-тркало,
кружна жичена четка/тркало за
абразивно сечење, дијамантско тркало
1.
Додека го притискате лостот за блокирање,
монтирајте го штитникот за тркалото со испакнатите
делови на штитникот за тркалото порамнет со
жлебовите на кутијата на лежиштето.
►
Сл.6:
1.
Лост за блокирање
2.
Жлеб
3.
Испакнат дел
2.
Додека го притискате лостот за блокирање кон A,
притиснете го штитникот за тркало држејќи ги надолу
деловите B како што е прикажано на сликата.
►
Сл.7:
1.
Штитник за тркало
2.
Отвор
НАПОМЕНА:
Рамно притиснете го надолу
штитникот за тркало. Во спротивно, нема да може
целосно да го притиснете штитникот за тркало.
3.
Додека ја одржувате позицијата на лостот за
блокирање и штитникот за тркало како што е опишано
во чекор 2, свртете го штитникот за тркалото кон C, па
променете го аголот на штитникот за тркалото според
работата така што операторот да може да биде заштитен.
Порамнете го лостот за блокирање со една од дупките
на штитникот за тркалото, па ослободете го лостот за
блокирање за да го заклучите штитникот за тркалото.
►
Сл.8:
1.
Штитник за тркало
2.
Отвор
НАПОМЕНА:
Целосно притиснете го штитникот
за тркало. Во спротивно, нема да може да го
ротирате штитникот за тркало.
За да го извадите штитникот за тркало, следете ја
постапката за местење по обратен редослед.
Монтирање или вадење на тркало
со вдлабнато средиште или
повеќеделен диск
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите
тркало со вдлабнато средиште или повеќеделен
диск, штитникот на тркалото треба да се
монтира на алатот, така што затворената страна
на штитникот да биде свртена кон операторот.
ВНИМАНИЕ:
Уверете се дека делот од
внатрешната фланша што се монтира совршено
го собира во внатрешниот дијаметар на
вдлабнатото средиште/повеќеделниот диск.
Ако
внатрешната фланша се монтира на погрешната
страна, може да настанат опасни вибрации.
Монтирајте ја внатрешната фланша на вретеното.
Поставете го вдлабнатиот дел од внатрешната
фланша на рамниот дел на дното од вретеното.
Наместете го вдлабнатото средиште/повеќеделниот диск на
внатрешната фланша и завртете ја навртката на вретеното.
►
Сл.9:
1.
Навртка за стегање
2.
Тркало со вдлабнато
средиште
3.
Внатрешна фланша
4.
Дел за монтирање
За да ја затегнете навртката, притиснете ја цврсто
блокадата на оската, така што вретеното нема да може
да се врти, па со клучот за стегање затегнете ја надесно.
►
Сл.10:
1.
Клуч за стегање
2.
Блокада на оската
За да го извадите тркалото, следете ја постапката за
местење по обратен редослед.
Ставање и вадење флекси-тркало
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш користете
го испорачаниот штитник кога флекси-тркалото е
поставено на алатот.
Тркалото може да се распрсне
за време на употребата, а штитникот помага во
намалување на шансите за телесна повреда.
►
Сл.11:
1.
Навртка за стегање
2.
Флекси-тркало
3.
Подлошка
4.
Внатрешна фланша
Следете ги упатствата за тркалото со вдлабнато
средиште, но, исто така, користете подлошка врз тркалото.
Редоследот на склопување можете да го видите на
страницата за додатоците во ова упатство за употреба.
Содержание GA036GZ
Страница 2: ...2 3 1 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 2 Fig 4 Fig 5 1 3 2 Fig 6 2 ...
Страница 3: ...1 2 A B B Fig 7 1 2 A B B B C C Fig 8 3 2 4 1 Fig 9 2 1 Fig 10 2 3 4 1 Fig 11 3 ...
Страница 5: ...1 Fig 20 1 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 2 1 Fig 27 5 ...
Страница 6: ...1 Fig 28 1 2 5 2 2 11 12 4 3 5 6 7 8 9 10 13 3 14 5 3 Fig 29 6 ...