
55 МАКЕДОНСКИ
Заклучување или отклучување на
тркалото со зглоб
►
Сл.8:
1.
Тркало со зглоб
2.
Лост за запирање
3.
Позиција СЛОБОДНО
4.
Позиција
ЗАКЛУЧЕНО
Заклучувањето на тркалото со зглоб е погодно
кога ја складирате правосмукалката, при тоа
исклучувајќи ја и држејќи ја правосмукалката мирно.
За да ракувате со запирачот, придвижете го со
раката.
За да го заклучите тркалото со зглоб со запирач,
спуштете го лостот за запирање и тркалото со зглоб
нема веќе да се врти. За да го ослободите тркалото
со зглоб од заклучената позиција, подигнете го
лостот за запирање.
НАПОМЕНА:
Кога ја движите правосмукалката,
осигурете се дека тркалото со зглоб е отклучено.
Ако ја движите правосмукалката со тркалото со
зглоб во заклучена позиција, може да настане
оштетување на тркалото со зглоб.
Транспортна рачка
Кога ја носите правосмукалката, држете ја за
рачката на главата. Рачката има можност за
вовлекување во главата кога не се користи.
►
Сл.9
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете маска за прав
при составување или одржување.
Монтирање на филтерот за прав
(HEPA) и предфилтерот (за сув
прав)
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не смукајте вода,
ниту други течности, ниту пак влажен прав
кога го користите филтерот за прав.
Смукањето
такви работи може да предизвика кршење на
филтерот за прав.
За да го користите филтерот за прав:
1.
Отстранете ги кафезот за пловката и пловката
со отстранување на завртките.
►
Сл.10:
1.
Пловка
2.
Кафез за пловка
2.
Поставете го предфилтерот во резервоарот со
усогласување на позиционите ознаки за монтажа.
3.
Монтирајте го придушувачот на филтерот
за прав и потоа ставете ги во предфилтерот со
усогласување на позиционите ознаки за монтажа.
4.
Монтирајте го капакот на резервоарот и
заклучете го.
►
Сл.11:
1.
Капак на резервоарот
2.
Филтер
за прав (HEPA)
3.
Придушувач
4.
Предфилтер
5.
Резервоар
6.
Позициона
ознака за монтирање
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред употреба на филтерот
за прав, осигурете се дека предфилтерот и
придушувачот секогаш се користат заедно.
Не е
дозволено филтерот за прав да се монтира самостојно.
Монтирање на филтерот за вода
Опционален прибор
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не смукајте вода
или влажен прав без пловката и филтерот од
ткаенина или филтерот за вода.
ЗАБЕЛЕШКА:
За смукање влажен прав,
бидете сигурни дека кафезот за пловката и
пловката се монтирани на правосмукалката.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го монтирате филтерот
за вода на резервоарот, поставете го цврсто
на отворот од резервоарот, така што куката на
филтерот за вода цврсто ќе се закачи за отворот
на резервоарот и нема да има растојание помеѓу
филтерот за вода и резервоарот.
За да смукате само вода или влажен прав, филтерот за вода е
посоодветен од филтерот од ткаенина.
При монтирањето на филтерот за вода, порамнете ја неговата
позициона ознака за монтирање со таа на резервоарот.
►
Сл.12:
1.
Филтер за вода
2.
Резервоар
3.
Позициона ознака за монтирање
НАПОМЕНА:
Се препорачува користење филтер
за вода при постојано смукање голема количина
на вода. Инаку способноста за смукање може да
се намали ако се користи филтерот од ткаенина.
Монтирање на хартиената торба
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред употреба на
хартиената торба, осигурете се дека филтерот
од ткаенина или предфилтерот се користат
заедно.
Ако не се користи заедно со филтерот од
ткаенина/предфилтерот, може да се предизвика
необична бучава и топлина, што може да
резултира со пожар.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не смукајте вода, ниту
други течности, ниту пак влажен прав кога ја
користите хартиената торба.
Смукањето такви
работи може да предизвика кинење на хартиената
торба.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога се користи филтерот
од ткаенина, осигурете се дека пловката и
кафезот за пловка се прикачени на капакот на
резервоарот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога се користи предфилтерот,
осигурете се дека филтерот за прав и
придушувачот се користат заедно.
Содержание DVC155L
Страница 2: ...2 3 4 5 1 Fig 1 2 1 Fig 2 1 Fig 3 1 2 Fig 4 1 2 Fig 5 Fig 6 2 1 3 Fig 7 2 ...
Страница 3: ...1 2 3 4 Fig 8 Fig 9 2 1 Fig 10 1 2 3 4 5 6 6 6 Fig 11 1 2 3 Fig 12 1 Fig 13 3 ...
Страница 4: ...1 2 Fig 14 1 2 Fig 15 1 Fig 16 Fig 17 Fig 18 Fig 19 Fig 20 1 3 2 Fig 21 4 ...
Страница 5: ...1 2 3 Fig 22 1 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 1 Fig 27 Fig 28 5 ...
Страница 94: ...94 ...
Страница 95: ...95 ...