82 МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на номиналната јачина на вибрациите е измерена во согласност со
стандардни методи за испитување и може да се користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на номиналната јачина на вибрациите може да се користи и како
прелиминарна процена за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на вибрациите при фактичкото користење на алатот може да се
разликува од номиналната вредност(и), зависно од начинот на којшто се користи алатот, особено од
тоа како вид работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да ги утврдите безбедносните мерки за заштита на лицето
кое ракува со алатот врз основа на процена на изложеноста при фактичките услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови на работниот циклус, како периодите кога електричниот алат е
исклучен и кога работи во празен од, не само кога е активен).
Симболи
Долунаведените симболи се користат кај опремата.
Видете што значат пред да почнете да работите.
Посветете особена грижа и внимание.
Прочитајте го упатството за користење.
15m(50
FT
)
Одржувајте растојание од најмалку 15 м.
Опасност: внимавајте на разлетани
предмети.
Внимание; повратен удар
Носете шлем, заштитни очила и заштита
за уши.
Носете заштитни ракавици.
Носете цврсти чизми со ѓонови што
не се лизгаат. Препорачливо е да се
носат безбедносни чизми со челично
засилување во областа на прстите.
Да не се изложува на влага.
Ni-MH
Li-ion
Само за земјите на ЕУ
Не фрлајте ја електричната опрема
или батеријата заедно со домашниот
отпад! Земајќи ги предвид европските
директиви за отпадна електрична и
електронска опрема и за батерии,
акумулатори и отпадни батерии и
акумулатори и нивното спроведување
во согласност со националните закони,
електричната опрема и батериите на
крајот на нивниот работен век мора да
се собираат одделно и да се вратат во
еколошки објект за рециклирање.
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Важни безбедносни упатства за
алатот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Наменета употреба
1.
Овој алат е наменет само за сечење трева,
плевел, грмушки и честак. Не треба да се
користи за никакви други намени, како на
пример обрабување или стрижење ограда
бидејќи може да дојде до повреда.
Содержание DUR190L
Страница 2: ...Fig 1 Fig 2 12 1 2 3 4 5 11 10 9 8 Fig 3 2 ...
Страница 4: ...2 1 Fig 7 1 2 Fig 8 1 2 Fig 9 2 1 3 Fig 10 3 2 1 Fig 11 1 2 3 Fig 12 1 2 3 Fig 13 1 2 Fig 14 4 ...
Страница 5: ...1 Fig 15 2 1 3 Fig 16 1 Fig 17 1 2 3 Fig 18 1 2 3 Fig 19 1 2 3 4 5 6 7 Fig 20 1 1 Fig 21 5 ...
Страница 6: ...1 2 4 3 Fig 22 1 2 3 4 5 Fig 23 1 2 3 4 5 Fig 24 1 2 Fig 25 1 2 3 Fig 26 1 2 3 Fig 27 1 2 Fig 28 6 ...
Страница 7: ...1 2 Fig 29 1 2 Fig 30 1 Fig 31 1 2 Fig 32 1 2 Fig 33 1 2 Fig 34 1 Fig 35 1 Fig 36 7 ...
Страница 8: ...Fig 37 Fig 38 1 Fig 39 8 ...
Страница 9: ...3 m 80 mm 100 mm Fig 40 9 ...
Страница 10: ...Fig 41 1 2 Fig 42 10 ...