63
МАКЕДОНСКИ
Користење на алатот како
порамнувач на рабови
►
Сл.28
Користењето на алатот како порамнувач на рабови
му овозможува на операторот да сече долж
рабовите на бетонски блок, тули или сл.
►
Сл.29:
1.
Куќиште на моторот
2.
Дршка
За користење на алатот како порамнувач на рабови,
држете го вратилото на тримерот со едната рака
и вртете ја дршката налево за да го олабавите
вратилото. Завртете го вратилото со куќиштето на
моторот за 180° и стегнете ја дршката вртејќи ја
надесно додека не се блокира.
НАПОМЕНА:
•
Пред да го завртите вратилото, тоа треба
целосно да се собере или издолжи.
•
По променување во положбата на
порамнувач на рабови, осигурете се дека
куќиштето на моторот и вратилото се
блокирани.
►
Сл.30
За да добиете најдобар резултат од завршното
сечење, движете се паралелно со работ кој што го
порамнувате.
Сечење трева во тесно место или
на падина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
•
Кога сечете трева на падина, внимавајте на
разлетаните камења, трева и други предмети
од делот на главата за сечење.
•
Кога сечете трева на падина, осигурете
секогаш да имате сигурна и стабилна
потпора со нозете.
►
Сл.31:
1.
Копче за заклучување
За олеснување на работата во тесни места каде што
височината е ограничена, како на пример, сечење
трева под дрвена платформа, трем или сл., турнете
го копчето за блокирање и потоа, наведнете ја
главата за сечење надолу така што вратилото да е
паралелно со земјата. Соодветното прилагодување
на аголот на главата за сечење на овој начин помага
при сечењето трева на падина.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
•
Секогаш осигурувајте се алатот да е
исклучен и батеријата да е извадена
пред да се обидете да направите
прилагодување или проверка на алатот.
Ако не се исклучи и не се извади батеријата,
може да дојде до тешка телесна повреда
заради случајно вклучување.
НАПОМЕНА:
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
•
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Глава за сечење со најлон
•
Најлонски жици
•
Прерамка за рамо
•
Заштитни очила
•
Оригинална батерија и полнач Makita
НАПОМЕНА:
•
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
Содержание DUR181
Страница 2: ...1 2 3 1 1 2 1 2 1 Fig 1 Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 Fig 6 Fig 7 Fig 8 2 ...
Страница 3: ...1 2 1 1 2 3 1 2 3 1 2 3 4 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 Fig 13 Fig 14 Fig 15 Fig 16 3 ...
Страница 4: ...1 2 1 2 1 2 Fig 22 Fig 17 Fig 18 Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 23 Fig 24 4 ...
Страница 5: ...1 2 Fig 30 1 Fig 25 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 Fig 31 5 ...
Страница 106: ...106 ...
Страница 107: ...107 ...