86 МАКЕДОНСКИ
►
Сл.30:
1.
Должина на забецот за сечење
2.
Растојание помеѓу работ за сечење и
мерачот на длабочината
3.
Минимална
должина на забецот за сечење (3 мм)
—
Должините на сите запци за сечење мора да се
подеднакви. Различните должини на запците за
сечење спречуваат синџирот да се движи мазно и
може да предизвикаат кинење на синџирот на пилата.
— Не острете го синџирот кога должината забецот
за сечење достигнала 3 мм или помалку.
Синџирот треба да се замени со нов.
— Оддалеченоста помеѓу мерачот за
длабочината (заоблен врв) и работ за сечење
ја определува дебелината на парчето.
— Најдобри резултати со сечењето се
постигнуваат кога растојанието меѓу работ за
сечење и мерачот за длабочина е следново.
•
Сечило на синџирот 90PX: 0,65 мм (0,025″)
•
Сечило на синџирот 91PX: 0,65 мм (0,025″)
►
Сл.31
— Аголот на острење од 30° мора да биде ист на
сите уреди за сечење. Ако аглите на запците за
сечење се различни, синџирот се движи грубо и
нерамномерно, има повеќе абење и може да се
скине.
— Користете соодветна кружна турпија, така што
ќе се одржува правилниот агол на острење во
однос на запците.
•
Сечило на синџирот 90PX: 55°
•
Сечило на синџирот 91PX: 55°
Турпија и насочување на турпијата
— Користете специјална кружна турпија
(опционален додаток) за синџири на пили за
острење на синџирот. Обичните кружни турпии
не се соодветни.
— Дијаметарот на кружната турпија за секој
синџир на пила е следниот:
•
Сечило на синџирот 90PX: 4,5 мм (3/16″)
•
Сечило на синџирот 91PX: 4,0 мм (5/32″)
— Турпијата треба да го зафати материјалот
само во работниот од со движење нанапред.
Кренете ја турпијата од материјалот при
движењето наназад.
— Прво изострете го најкраткиот забец. Потоа,
должината на најкраткиот забец за сечење
станува репер за сите други запци за сечење
на синџирот на пилата.
— Водете ја турпијата како што е прикажано на
сликата.
►
Сл.32:
1.
Турпија
2.
Синџир на пилата
— Турпијата може да се води полесно ако има
држач за турпијата (додаток по избор). Држачот
за турпијата има ознаки за правилниот агол
на острење од 30° (распоредете ги ознаките
паралелно на синџирот на пилата) и ја
ограничува длабочината на пенетрацијата (до
4/5 од дијаметарот на турпијата).
►
Сл.33:
1.
Држач за турпија
— По острењето на синџирот, проверете ја
висината на мерачот на длабочина со алатот
за мерење на синџирот (додаток по избор).
►
Сл.34
— Отстранете ги сите материјали што се
испакнати, независно колку се малечки, со
посебна плоската турпија (додаток по избор).
— Повторно заоблете го предниот дел на мерачот
на длабочината.
Чистење на насочувачката шипка
Струготините и правот од сечењето ќе се насоберат
во жлебот на насочувачката шипка. Тие може да го
заглават жлебот на шипката и да го нарушат протокот на
маслото. Чистете ги струготините и правот од сечењето
кога го острите или заменувате синџирот на пилата.
►
Сл.35
Чистење на преградата на
ѕвездестиот лагер
Струготините и правот од сечењето ќе се соберат во
внатрешноста на преградата на ѕвездестиот лагер. Отстранете
ја преградата на ѕвездестиот лагер и синџирот на пилата од
алатот, а потоа исчистете ги струготините и правот од сечењето.
►
Сл.36
Чистење на дупчето за исфрлање масло
Прав или мали честички може да се насоберат во
дупчето за исфрлање масло при работата. Овој прав или
малите честички може да го нарушат протокот на масло
и да предизвикаат недоволно подмачкување на целиот
синџир на пилата. Кога на горниот дел од насочувачката
шипка има проблем со доставата на масло, исчистете го
дупчето за исфрлање масло на следниов начин.
1.
Извадете ги преградата на ѕвездестиот лагер и
синџирот на пилата од алатот.
2.
Отстранете ги правот или малите честички со
помош на засечен одвртувач или нешто слично.
►
Сл.37:
1.
Засечен одвртувач
2.
Дупче за
исфрлање масло
3.
Вметнете ја касетата за батерија во алатот.
Повлечете го прекинувачот за да ги раздвижите
насобраните прав или честички низ дупчето за
исфрлање масло испуштајќи го маслото за синџирот.
4.
Извадете ја батеријата од алатот. Повторно
поставете ги преградата на ѕвездестиот лагер и
синџирот на пилата на алатот.
Замена на ѕвездестиот лагер
ВНИМАНИЕ:
Изабениот ѕвездест лагер ќе
го оштети новиот синџир на пилата. Сменете го
ѕвездестиот лагер во тој случај.
Пред да го монтирате новиот синџир на пилата,
проверете во која состојба е ѕвездестиот лагер.
►
Сл.38:
1.
Ѕвездест лагер
2.
Области што се трошат
Секогаш монтирајте нов прстен за заклучување кога
го заменувате ѕвездестиот лагер.
►
Сл.39:
1.
Прстен за заклучување
2.
Ѕвездест лагер
ЗАБЕЛЕШКА:
Проверете дали ѕвездестиот
лагер е монтиран како што е прикажано на
сликата.
Содержание DUC405
Страница 2: ...Fig 1 2 1 18 3 4 5 6 11 13 15 12 19 7 8 10 17 9 14 16 Fig 2 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 2 ...
Страница 3: ...1 2 Fig 5 1 Fig 6 2 1 Fig 7 2 3 1 2 3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 3 ...
Страница 4: ...1 2 3 4 Fig 11 1 Fig 12 1 2 3 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 1 Fig 16 1 2 Fig 17 Fig 18 4 ...
Страница 5: ...Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 22 A B A B Fig 23 Fig 24 2 1 2 45o 1 45o Fig 25 1 2 2 3 3 Fig 26 5 ...
Страница 6: ...Fig 27 Fig 28 1 2 Fig 29 2 2 1 1 3 1 Fig 30 30 30 55 55 Fig 31 1 2 Fig 32 30 1 5 1 Fig 33 Fig 34 6 ...
Страница 7: ...Fig 35 Fig 36 2 1 Fig 37 1 2 Fig 38 1 2 Fig 39 7 ...
Страница 146: ...146 ...
Страница 147: ...147 ...