![Makita DOLMAR EV-3213 Скачать руководство пользователя страница 318](http://html.mh-extra.com/html/makita/dolmar-ev-3213/dolmar-ev-3213_original-instruction-manual_228077318.webp)
318
•
Ако летото е многу суво, не треба да вршите
скарификација во есен.
Совети за прекопување:
•
На површината околу корените на тревата и е
потребна голема количина воздух за да може
здраво да расте во текот на пролетта.
•
Се препорачува да се врши аерација на зелената
површина на секои 4 – 6 седмици, во зависност од
нејзината состојба.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Секогаш проверувајте дали
машината е исклучена и
откачена од струја пред
да вршите проверка или
операции за одржување.
•
Носете заштитни ракавици
пред да вршите проверка или
операции за одржување.
•
Сечилото застанува веднаш
по исклучувањето. Почекајте
додека не сопрат сите делови
пред да извршите каква било
операција за одржување.
•
Проверете дали се отстранети
сите алати по вршењето
операции за одржување.
•
Никогаш не користете бензин,
растворувач, алкохол или
слично за чистење. Може да
дојде до губење на бојата,
деформација или пукнатини.
За да ја исчистите машината,
користете само влажна крпа и
мека четка.
•
Не користете црево со вода
и не чистете ја машината со
вода под висок притисок.
При транспорт, обрнете внимание на следните
работи:
•
Исклучете го моторот, откачете ја машината од
струја и почекајте да сопре алатот за сечење.
•
Приспособете ја длабочината на алатот за сечење
на висината потребна при транспорт.
•
Машината секогаш транспортирајте држејќи ја за
нејзината рачка.
•
Избегнувајте тешки потреси или силни вибрации.
•
Прицврстете ја машината добро доколку треба да ја
товарите во возило.
После секоја операција, направете ги следните
чекори:
•
Исклучете го моторот, откачете ја машината од
струја и почекајте да сопре алатот за сечење.
•
Исчистете ја корпата за трева. Складирајте ја во
сува просторија.
•
Проверете ја, исчистете ја и складирајте ја
машината во сува просторија.
Следните работи треба да ги правите редовно:
•
Проверете дали се добро стегнати сите стегачи,
како на пример, шрафови, навртки итн.
•
Проверете дали има дефекти, на пример, лабави,
изабени или оштетени делови. Заменети ги ако е
потребно.
•
Проверете дали се оштетени или деформирани
капаците и штитниците.
•
Ако машината започне да вибрира невообичаено
за време на работата, тоа може да е предизвикано
од неврамнотежен или деформиран алат за сечење
поради влијание од надворешни предмети. Доколку
дојде до тоа, алатот за сечење треба да го поправите
или замените во овластен сервисен центар.
•
Алатот за сечење се аби со текот на времето.
Редовно проверувајте ја состојбата на алатот за
сечење и неговата стабилност. Заменете го доколку
е изабен или истапен.
•
Исчистете ги и подмачкајте ги сите зашрафени
делови пред да ја складирате.