68 МАКЕДОНСКИ
4.
Притиснете го копчето Подесување нагоре или
Подесување надолу за фино да ја подесите
фреквенцијата ако е потребно.
5.
Притиснете го копчето за зголемување/намалување
јачина на звук да го прилагодите посакуваното ниво
на звук.
6.
За да го исклучите радиото, притиснете го копчето
Напојување.
ЗАБЕЛЕШКА:
За FM/AM радио режим, ако приемот на радиото не
е добар, можеби ќе биде потребно да го преместите
радиото на место што ќе овозможува подобар прием.
Однапред поставени меморирани
станици
Има 9 предодредени станици, секоја за AM и FM
радио. Тие се користат на истиот начин за секој
фреквенциски опсег.
1.
Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите
радиото.
2.
Притиснете го копчето Режим за да ја изберете
посакуваната бранова должина. Бирајте до
посакуваната радио станица како што е претходно
опишано.
3.
Притиснете го и задржете го копчето Меморирај
нагоре или Меморирај надолу додека не светне „М“
на екранот.
4.
Притиснете го копчето Меморирај нагоре или
Меморирај надолу за да го изберете посакуваниот
мемориран број.
5.
Притиснете го и задржете го копчето Меморирај
нагоре или Меморирај надолу додека „М“ не
престане да свети на екранот. Радио станицата е
зачувана во избраната предодредена меморија. На
екранот ќе се појави меморираниот број.
6.
Повторувајте ја оваа постапка колку што е потребно
за преостанатите однапред поставени станици.
Однапред поставените станици кои се веќе
зачувани може да се пребришат со следење на
погорната постапка ако е потребно.
Отповикување меморирана станица
1.
Вклучете го радиото и изберете АМ или FM радио
режим.
2.
Веднаш притиснете го копчето Меморирај нагоре
или Меморирај надолу да го подесите радиото
на една од зачуваните станици во однапред
поставената меморија.
LED ламба
1.
Неколку пати притиснете го копчето Вклучување/
исклучување светло за да изберете различни
режими на светло. Оваа LED ламба се
карактеризира со 2 различни режима: 360˚
покривање со осветлување и режими за странично
носење.
2.
Притиснете го и задржете го копчето Вклучување/
исклчување светло за да го исклучите светлото.
РАЗЛИЧНИ ПОСТАВКИ
Користење на ременот (сл. 4)
Со користење на доставениот ремен, може да го
закачите производот на различни начини секаде
каде што е потребно. (Погледнете ги начините на
поставување на Слика 4.)
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
● Никогаш не користете бензин, разредувач, алкохол
или слични средства. Може да предизвикаат
обезбојување, деформирање или пукнатини.
● Не мијте го радиото со вода.
СПЕЦИФИКАЦИИ
Батерија
14.4V & 18V
Опфатена
фреквенција
FM 87.5-108 MHz
(0.05MHz/чекор)
AM (MW) 522-1,710 kHz
(9kHz/чекор)
Систем на антена
FM: вградена антена
AM: решеткаста антена
Звучник
2.25 инчи
Излезна моќност
14.4V: 2.4W
18V: 3.0W
Димензии (Д х Ш х В)
(со BL1860B)
126 x 129 x 289mm
(со спуштена рачка)
Тежина
(без батерија)
0.95KG
Содержание DMR055
Страница 2: ...2 1 1 3 4 2 11 12 6 7 8 9 5 10 E A B C D LCD Display ...
Страница 3: ...3 2 4 3 1 2 LXT ...