![Makita DLM462 Скачать руководство пользователя страница 74](http://html.mh-extra.com/html/makita/dlm462/dlm462_instruction-manual_228345074.webp)
74
МАКЕДОНСКИ
4.
Имајте на ум дека операторот или
корисникот е одговорен за несреќите или
опасностите што им се случуваат на другите
луѓе или нивниот имот.
5.
Децата треба да се надгледуваат за да не си
играат со косилката.
6.
Физичка состојба - Не работете со косилката
ако сте под влијание на наркотични
средства, алкохол или какви било
лекарства.
Подготовка
1.
Додека работите со косилката, секогаш
носете цврсти обувки и долги панталони.
Не ракувајте со косилката боси или со
отворени сандали. Избегнувајте да носите
облека или накит што се лабави, или што
имаат висечки кабли или врвки. Тие може да
бидат зафатени во подвижните делови.
2.
Пред употреба, секогаш визуелно
проверувајте дали е оштетена косилката, дали
штитниците или заштитниците недостасуваат
или не се поставени правилно.
3.
Осигурете се да нема други луѓе во работната
област пред да започнете со косење. Запрете
ја косилката ако некој влезе во областа.
4.
Не вметнувајте го клучот за блокирање во
косилката додека не се подготви за употреба.
5.
Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.
6.
Пред работата, проверете дали има
пукнатини или оштетувања на сечилото или
на неговите завртки. Веднаш заменете ги
сечилата или завртките ако имаат пукнатини
или оштетувања.
7.
Отстранете ги надворешните материи, како
што се камења, жици, шишиња, коски и
поголеми стапчиња од работната област
пред да започнете со косење за да спречите
телесна повреда или оштетување на
косилката.
8.
Предметите заглавени во сечилото на
косилката за трева може да предизвикаат
тешки повреди кај луѓето. Тревникот треба
секогаш внимателно да се прегледа и да
се расчисти од сите предмети пред секое
започнување со косење.
9.
Внимавајте на дупки, бразди, грутки, камења
или други сокриени предмети.
Нерамниот
терен може да предизвика незгода од лизгање и
паѓање. Високата трева може да крие пречки.
10.
Не вметнувајте го и не вадете го клучот за
блокирање на дожд.
11.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
носете заштита за очите.
Заштитната опрема,
како на пример маска за прав, заштитни чевли
што не се лизгаат, тврда капа или заштита за
слухот, што се користи за соодветни услови, ќе
ги намали физичките повреди.
Работење
1.
Не пресегајте предалеку. Одржувајте
рамнотежа цело време. Секогаш внимавајте
како газите по стрмнини. Одете, никогаш не
трчајте.
2.
Сопрете ја косилката и извадете го клучот
за блокирање, потоа осигурете се дека сите
подвижни делови целосно запреле:
- секогаш кога ја оставате косилката,
- пред чистење затнати места или
одзатнување на резервоарот,
- пред извршување проверка, чистење или
изведување работи врз косилката,
- откако ќе удрите во некој предмет.
Проверете дали на косилката има
оштетувања и поправете ја пред одново да
ја стартувате и да ракувате со неа,
- кога косилката ќе започне да вибрира
ненормално.
3.
Никогаш не работете со косилката со
неисправни штитници или прегради, или
без да се поставени безбедносни уреди, на
пример, одбивачи и/или корпи за трева.
4.
Избегнувајте користење на косилката при
лоши временски услови, особено кога има
ризик од грмотевици.
5.
Носете заштита за очите и обувки со
дебел ѓон цело време додека работите со
косилката.
6.
Работете со косилката само дење или на
добро вештачко светло.
7.
Внимателно вклучете ја косилката во
согласност со упатствата, држејќи ги
стапалата подалеку од сечилото(ата).
8.
Внимавајте да не дојде до повреда
на стапалата и рацете од сечилата на
косилката.
9.
Секогаш осигурувајте се дека отворите за
вентилација се чисти.
10.
На падини, косете напречно, никогаш
надолу или нагоре. Бидете многу
претпазливи кога менувате насока на
падини. Не косете многу стрмни падини.
11.
Бидете многу внимателни кога ја ставате во
рикверц или кога ја влечете косилката кон
вас.
Содержание DLM462
Страница 2: ...2 1 Fig 1 3 4 5 2 1 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 2 Fig 5 1 Fig 6 1 2 3 Fig 7 2 ...
Страница 3: ...1 2 Fig 8 1 2 Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 1 2 Fig 12 1 2 Fig 13 1 2 3 Fig 14 1 Fig 15 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 16 1 2 Fig 17 1 3 4 5 6 2 Fig 18 1 2 Fig 19 1 Fig 20 1 2 Fig 21 1 Fig 22 4 ...
Страница 5: ...1 2 3 Fig 23 1 Fig 24 1 Fig 25 1 2 Fig 26 1 Fig 27 1 2 Fig 28 5 ...
Страница 6: ...Fig 29 Fig 30 1 2 3 Fig 31 Fig 32 Fig 33 1 2 3 Fig 34 1 Fig 35 6 ...
Страница 7: ...1 2 Fig 36 2 1 3 Fig 37 3 2 4 1 Fig 38 1 2 3 Fig 39 3 2 1 4 Fig 40 3 2 1 2 1 Fig 41 7 ...
Страница 8: ...3 2 5 6 4 1 1 1 Fig 42 8 ...