43
МАКЕДОНСКИ
Совети за одржување
максимален работен век на
батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
4.
Кога не ја користите касетата за батерија,
извадете ја алатот или полначот.
5.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не
ја користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Пред секое прилагодување или проверка
на алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
батеријата
►
Сл.1:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Батерија
•
Секогаш исклучувајте го алатот пред
ставањето или вадењето на батеријата.
•
За да ја извадите батеријата, повлечете ја од
алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на батеријата.
•
За вметнување на батеријата, порамнете го
јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Секогаш ставајте ја до
крај додека не се заклучи во место при што
ќе се слушне кликнување. Ако можете да го
видите црвениот индикатор на горната страна
од копчето, тоа значи дека не е поставена
целосно. Поставете ја целосно такашто
црвениот индикатор да не може да се види.
Во спротивно, може ненадејно да испадне
од алатот предизвикувајќи повреда вам или
некому друг околу вас.
•
Не користете сила при вметнувањето на
батеријата. Ако батеријата не се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.2:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата
за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето за да го продолжи работниот век
на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе
се исклучи за време на работењето ако тој или
батеријата се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Оваа заштита работи кога со алатот се ракува на начин
што предизвикува тој да повлекува ненормално висока
електрична енергија. Во таква ситуација, исклучете го
алатот и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Оваа заштита работи кога алатот или батеријата се
прегреани. Во оваа ситуација, оставете ги алатот и батеријата
да се оладат пред повторно да го вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Оваа заштита работи кога преостанатиот капацитет на
батеријата ќе дојде на ниско ниво. Во оваа ситуација,
извадете ја батеријата од алатот и наполнете ја.
Содержание DHR202
Страница 2: ...2 1 2 3 1 2 1 1 1 A B 1 2 3 1 1 Fig 1 Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 Fig 6 Fig 7 Fig 8 ...
Страница 3: ...3 1 2 3 4 5 6 1 2 1 2 1 2 2 1 1 1 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 Fig 13 Fig 14 Fig 15 Fig 16 ...
Страница 4: ...4 1 1 2 1 2 1 1 2 1 2 Fig 17 Fig 18 Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 ...
Страница 78: ...78 ...
Страница 79: ...79 ...