41
МАКЕДОНСКИ
Вибрации
Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена во согласност со EN62841-2-1:
Работен режим: ударно дупчење во бетон
Ширење вибрации (a
h,ID
) : 8,0 м/с
2
Отстапување (K): 1,5 м/с
2
Работен режим: дупчење во метал
Ширење вибрации (a
h,D
) : 2,5 м/с
2
или помалку
Отстапување (K): 1,5 м/с
2
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите е измерена во
согласност со стандардни методи за испитување и
може да се користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на номиналната
јачина на вибрациите може да се користи и како
прелиминарна процена за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на
вибрациите при фактичкото користење на
алатот може да се разликува од номиналната
вредност(и), зависно од начинот на којшто
се користи алатот, особено од тоа како вид
работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита на
лицето кое ракува со алатот врз основа на процена
на изложеноста при фактичките услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови на работниот циклус,
како периодите кога електричниот алат е исклучен и
кога работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжична ударна дупчалка
Безбедносни упатства за сите работи
1.
Носете заштита за ушите кога изведувате
работи со ударно дупчење.
Изложувањето на
бучава може да предизвика губење на слухот.
2.
Држете го алатот за изолираните држачи
кога вршите работи каде што додатокот
за сечење или спојките може да дојдат во
допир со скриени жици.
Додатокот за сечење
или спојките што ќе допрат жица под напон
може да ја пренесат струјата до металните
делови на алатот и да предизвикаат струен
удар кај лицето што ракува со алатот.
3.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
цврста подлога. Уверете се дека под Вас
нема никој кога го користите алатот на
високи места.
4.
Цврсто држете го алатот.
5.
Не допирајте ги вртливите делови.
6.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
7.
Не допирајте ја бургијата или работниот
материјал или струготините веднаш по
работата; тие може да бидат многу жешки и
да ви ја изгорат кожата.
8.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
9.
Ако бургијата не може да се олабави дури
и ако сте ги отвориле стегите, користете
клешти за да ја извадите.
Во таков случај,
вадењето на бургијата со рака може да
резултира со повреда од нејзиниот остар раб.
10.
Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
Безбедносни упатства кога се користат долги
бургии за дупчење
1.
Не работете со брзина поголема од
максималната работна брзина на бургијата
за дупчење.
На поголеми брзини бургијата
веројатно ќе се свитка ако се дозволи да се врти
слободно без допирање на работниот материјал,
што ќе резултира со телесна повреда.
2.
Секогаш започнете со дупчење на мала
брзина и со врвот на бургијата во допир
со работниот материјал.
На поголеми
брзини бургијата веројатно ќе се свитка ако се
дозволи да се врти слободно без допирање
на работниот материјал, што ќе резултира со
телесна повреда.
3.
Притискајте само во директна линија со
бургијата и не притискајте прекумерно.
Бургиите може да се скршат или да
предизвикаат губење на контролата, што ќе
резултира со телесна повреда.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.