37
МАКЕДОНСКИ
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10.
Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за
опасни предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети
лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила.
Залепете ги со леплива лента или маскирајте ги
отворените контакти, а батеријата спакувајте ја, така
што нема да се движи слободно во пакувањето.
11.
Кога ја фрлате во отпад касетата за
батеријата, извадете ја од алатот и
фрлете ја на безбедно место. Почитувајте
ги локалните законски прописи што
се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
12.
Користете ги батериите само со
производите назначени од Makita.
Монтирањето батерии на неусогласените
производи може да резултира со пожар,
прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
13.
Доколку алатот не се користи подолг
временски период, батеријата мора да се
извади од алатот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ:
Користете само оригинални
батерии на Makita.
Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред целосно
да се испразни. Секогаш запирајте ја работата со
алатот и заменете ја касетата за батеријата кога
ќе забележите дека алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
►
Сл.1:
1.
Копче
2.
Касета за батерија
За да ја извадите касетата на батеријата, повлечете
ја од алатот додека ги притискате копчињата на
двете нејзини страни.
За да ја монтирате касетата на батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вметнувајте ја
додека не се блокира во место при што ќе се
слушне мало кликнување.
Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
Овој алат е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако тој и/или батеријата се најдат под следниот
услов:
Содержание DF012D
Страница 3: ...1 3 2 Fig 9 1 2 Fig 10 Fig 11 Fig 12 3 ...