80
СПЕЦИФИКАЦИИ
DCM501
Номинален
напон и
соодветни
касети за
батерија
DC 18 V
BL1815N, BL1820,
BL1820B, BL1830,
BL1830B, BL1840,
BL1840B, BL1850,
BL1850B, BL1860B
DC 14,4 V BL1430B, BL1460B
10,8 V -
12 V макс. BL1041B
Капацитет на
резервоарот за
вода
240 ml
Функција за
одржување на
топлината
Нема
Соодветен вид
на сад за кафе
60 mm
Димензии
(Д x Ш x В)
243 x 145 x 218 mm
(без касета за батерија)
Тежина
1,5 kg
(без касета за батерија)
• Се препорачува користење само на батериите во
табелата.
Капацитетот на другите батерии може да не биде
доволен за да се приготви шолја кафе.
• Како резултат на нашата постојана програма за
истражување и развој, спецификациите во ова
упатство се предмет на промена без претходна
најава.
• Спецификациите и касетата за батерија може да се
разликуваат во зависност од земјата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете ги само горенаведените касети за батерија.
Употреба на која било друга касета за батерија може
да доведе до повреда и/или пожар.
ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ДЕЛОВИ (Сл. A)
1. Резервоар за вода
2. Капак на резервоар за вода
3. Рачка
4. Капак на отвор за батерија
5. Отвор на батерија (за касета за батерија од
10,8 V - 12 V макс.)
6. Отвор на батерија (за касета за батерија од 18 V
и 14,4 V)
7. Филтер
8. Држач за филтер
9. Држач на сад за кафе
10. Отвор за прелевање
11. Подлога за шолја
12. Светло за напојување
13. Прекинувач за напојување
14. Капак за шолја за кафе
15. Шолја за кафе
ПОДГОТОВКА
ВНИМАНИЕ
• Секогаш исклучувајте го апаратот пред да ја
вметнете или да ја отстраните касетата за батерија.
• Цврсто држете ги горниот дел на апаратот и касетата
за батерија при вметнувањето или отстранувањето
на касетата за батерија. Во спротивно, може да ви
се лизнат од рацете и да дојде до оштетување на
апаратот и касетата за батерија и до телесна повреда.
• Секогаш целосно вметнете ја касетата за батерија
додека не го видите црвениот индикатор. Во
спротивно, може случајно да падне од држачот на
батеријата и да ви предизвика повреда вам или на
некој околу вас.
• Не вметнувајте ја насилно касетата за батерија. Ако
касетата не се лизне внатре лесно, тоа значи дека
не е правилно вметната.
• Секогаш вметнувајте ја батеријата во соодветниот
отвор за касетата за батерија.
Кога го користите апаратот за прв пат или по долг
период на складирање, извршете ги следниве чекори:
1. Отстранете ги сите материјали за пакување од
апаратот.
2. Исчистете ја надворешноста на апаратот и
измијте ги сите делови што може да се извадат.
(погледнете го делот за „Секојдневно чистење“ за
деловите што се вадат)
3. За да ги отстраните сите остатоци од апаратот,
истурете 240 ml свежа вода во резервоарот за
вода и извршете подготовка без мелено кафе или
сад за кафе додека резервоарот за вода не биде
празен. Повторете ја истата постапка најмалку два
пати. (погледнете го делот „Подготовка“ во врска
со тоа како да ја извршите подготовката)
Вметнување и отстранување на касетата за
батерија (Сл. B)
За да ја вметнете касетата за батерија (
17
), лизнете
го капакот за отвор на батерија (
16
) за да го отворите
отворот за батеријата којшто ќе го користите ((
6
) за
касета за батерија од 18 V или 14,4 V, (5) за касети
за батерија од 10,8 V - 12 V макс.). Порамнете
го јазикот на касетата со батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го на своето место. Вметнете
го до крај додека не го поставите наместо и не чуете
кратко кликнување. Ако може да го видите црвениот
индикатор (
18
) на горната страна од копчето (19),
значи дека не е целосно поставен.
За да ја отстраните касетата за батерија, лизнете го
апаратот лизгајќи го копчето на предната страна на
касетата.
Систем за заштита на батеријата
Апаратот е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го исклучува
напојувањето на апаратот за да го зголеми животниот
век на батеријата.
Апаратот автоматски ќе се исклучи во текот на
функционирањето ако апаратот и/или батеријата се
ставени под еден од следниве услови:
Содержание DCM501Z
Страница 2: ...2 A 1 2 3 4 6 9 8 7 10 11 12 13 14 15 5 18 17 19 16 B ...
Страница 3: ...3 C D E F G H I ...
Страница 4: ...4 J K 20 21 L M ...
Страница 95: ...95 ...