39
МАКЕДОНСКИ
Избирање на работниот режим
ВНИМАНИЕ:
Секогаш поставувајте го
прстенот соодветно на ознаката за вашиот
посакуван режим. Ако ракувате со алатот со
прстенот поставен во меѓуположба помеѓу
ознаките за режими, алатот може да се оштети.
ВНИМАНИЕ:
Кога ќе ја промените
положбата од „
“ во други режими, може да
биде малку потешко да се лизга прстенот за
промена на работниот режим. Во овој случај,
вклучете го алатот и оставете го да поработи
кратко време во положбата „
“, а потоа,
исклучете го и лизнете го прстенот во вашата
сакана положба.
►
Сл.8:
1.
Прстен за промена на работниот режим
2.
Прстен за нагодување
3.
Градација
4.
Стрелка
Овој алат има три режими на акција.
•
Режим за дупчење (само со ротирање)
•
Режим со ударно дупчење (ротирање со
удирање)
•
Режим на одвртување (ротирање со
квачило)
Изберете еден од режимите што е соодветен за
вашата работа. Свртете го прстенот за промена на
режимот на акција и порамнете го со ознаката со
стрелка на телото од алатот што сте ја избрале.
Нагодување на вртежниот момент
►
Сл.9:
1.
Прстен за промена на работниот режим
2.
Прстен за нагодување
3.
Градација
4.
Стрелка
Вртежниот момент на затегнување може да се
постави на 21 нивоа со свртување на прстенот за
нагодување. Порамнете ги градациите со стрелката
на телото од алатот. На 1 се добива минимален, а на
21 максимален вртежен момент на затегнување.
Пред да работите, ставете пробен шраф во вашиот
материјал или парче дупликат материјал за да
определите кој вртежен момент одговара за која
примена. На следниов приказ е покажан груб водич
за соодносот помеѓу големината на завртката и
градацијата.
Градација
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
Машинска завртка
M4
M5
M6
Завртка за
дрво
Меко дрво
(на пр.
бор)
–
ɸ
3,5 x 22
ɸ
4,1 x 38
–
Цврсто
дрво
(на пр.
шперплоча)
–
ɸ
3,5 x 22
ɸ
4,1 x 38
–
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
бургијата за одвртување/дупчење
Опционален прибор
►
Сл.10:
1.
Ракав
2.
Затвори
3.
Отвори
Свртете го ракавот налево за да ги отворите стегите
на главата. Поставете ја бургијата за одвртување/
дупчење во клинот колку што може да оди. Свртете
го ракавот во насока на стрелките на часовникот за
да ја стегнете главата. За да ја извадите бургијата за
одвртување/дупчење, свртете го ракавот во насока
спротивна на стрелките на часовникот.
Монтирање на куката
►
Сл.11:
1.
Жлеб
2.
Кука
3.
Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот. За да ја поставите куката, вметнете ја во
жлебот на куќиштето на алатот од која било страна и
потоа зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
Монтирање држач за бургија за
одвртување
Опционален прибор
►
Сл.12:
1.
Држач за бургија за одвртување
2.
Бургија за одвртување
Поставете го држачот за бургии за одвртување во
испакнатиот дел на долниот дел од алатот на левата
или десната страна и зацврстете го со завртката.
Кога не ја користите бургијата за одвртување,
чувајте ја во држачот за бургии за одвртување. Овде
може да се чуваат бургии за одвртување долги 45
мм.