11
Користење влошки против
лизгање (Изборно)
Ако ја монтирате машината на лизгава површина,
таа може да почне да се движи поради прекумерни
вибрации. Неправилното нивелирање може да
предизвика неправилно функционирање поради
бука и вибрација. Ако се случи ова, монтирајте
ги влошките против лизгање под ногалките и
приспособете го нивото.
1
Исчистете го подот пред да ги наместите
влошките против лизгање.
•
Користете сува крпа за да ја избришете
нечистотијата и влагата. Ако остане влага,
влошките може да се лизнат.
2
Приспособете го нивото по поставувањето на
машината за перење на местото на монтажа.
3
Ставете ја лепливата страна од влошката
против лизгање на подот.
•
Најефективно е влошките против лизгање
да се постават под предните ногалки. Ако е
тешко да се постават влошките под предните
ногалки, поставете ги под задните.
Со оваа страна нагоре
Леплива страна
4
Проверете дали машината за перење е
нивелирана.
•
Притиснете ги горните рабови на машината
за перење за да проверите дали се клати.
Ако се клати, повторно нивелирајте ја.
Дрвени подови (Висечки
подови)
•
Дрвените подови се особено подложни на
вибрации.
•
За да спречите вибрации, ви препорачуваме да
поставите гумени чашки со дебелина од најмалку
15 mm на секоја ногалка на машината за перење,
прицврстени на барем две греди со шрафови.
Гумена чашка
•
Ако е можно, монтирате ја машината за перење во
еден од аглите на просторијата, каде што подот е
постабилен.
•
Поставете ги гумените чашки за да ги намалите
вибрациите.
•
Гумени чашки (p/no. 4620ER4002B) може да
набавите од Сервисниот центар на LG.
НАПОМЕНА
•
Правилното поставување и нивелирање на
машината за перење ќе обезбеди долго,
регуларно и сигурно функционирање.
•
Машината за перење мора да биде 100%
хоризонтална и да стои цврсто на својата
положба.
•
Не смее да се „клацка“ меѓу аглите кога е
наполнета.
•
Површината кај што ќе се монтира, мора да
биде чиста, да нема восок на подот и други
лубриканти.
•
Не дозволувајте ногалките на машината за
перење да се наводенат. Во спротивно, може
да дојде до вибрации или бука.
МАКЕДОНСКИ