
51
3. Потоа ги ЗАТВОРАТЕ сите прозорци што ги содржат ликовите/предметите за
коишто откривте дека НЕ се ликот/предметот на противникот (т.е. сите ликови/
предмети со шапка).
Како да ги погодите ликовите на играчите:
Кога ќе сметате дека знаете кој лик/предмет го избрал противникот, го користите
својот ред за да го извадите и да му го покажете ликот/предметот што мислите
дека е.
Ако сте во право, победувате! Ако погрешите, вратете го ликот/предметот назад и
затворете го прозорецот, сега повторно е на ред противникот.
Победување
Ако играчот точно го погоди тајниот лик/предмет на противникот, победува и играта
завршува.
Потоа може да изберете нови ликови/предмети и да играте повторно! Може да ги
користите зелените конуси за полесно да го следите резултатот.