![Koncar H1A54151BF Скачать руководство пользователя страница 51](http://html.mh-extra.com/html/koncar/h1a54151bf/h1a54151bf_instruction-booklet_1992232051.webp)
MK - 50 -
Оддел за ладење
• Никогаш не ставајте течности во отворени садови во ладилникот за да ја намалите
појавата на влага и последователно зголемување на мразот. Мразот се собира во
најстудените делови кај испарувањето и со време ладилникот треба да се одмрзне.
• Никогаш не ставајте топла храна во ладилникот. Топлата храна прво треба за се
излади на собна температура и треба да се складира при што ќе се обезбеди
соодветна циркулација на воздухот во одделот на ладилникот.
• Ништо не смее да се допира до задниот ѕид бидејќи така ќе дојде до замрзнување,
а пакувањето може да се залепи за задниот ѕид. Не отворајте ја вратата на
ладилникот многу често.
• Ставете ги месото и исчистената риба (завиткани во пакување или пластичен сад)
што ќе ги искористите за 1-2 дена најдолу во ладилникот (веднаш над фиоката
за свежа храна) бидејќи ова е најстудениот дел и обезбедува најдобри услови за
чување.
• Може да ги ставите овошјето и зеленчукот во фиоката за свежа храна без да ги
спакувате.
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТ
Храна
Максимално време за
чување
Каде се става во
одделот на ладилникот
Овошје и зеленчук
1 седмица
Корпа за зеленчук
Месо и риба
2 - 3 дена
Завиткани во пластична фолија
или кеса во садот за месо
(на стаклената полица)
Свежо сирење
3 - 4 дена
Во специјалната полица на
вратата
Путер и маргарин
1 седмица
Во специјалната полица на
вратата
Производи во шише
млеко и јогурт
До истекот на рокот
што го одредува
производителот
Во специјалната полица на
вратата
Јајца
1 месец
Во полицата за јајца
Зготвена храна
На сите полици
ДЕЛ 3.