![Koncar H1A54151BF Скачать руководство пользователя страница 49](http://html.mh-extra.com/html/koncar/h1a54151bf/h1a54151bf_instruction-booklet_1992232049.webp)
MK - 48 -
Пред да го користите фрижидерот
• За да овозможите ефикасна работа, при првото користење или
после преместување, вклучете го фрижидерот во струја и оставете
го исправен 3 часа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне
кога фрижидерот ќе почне да лади.
храна во фрижидерот.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови со млака вода во
која сте раствориле сода бикарбона и потоа исплакнете со чиста вода и исушете.
Вратете ги сите делови после чистењ.
• Поставете ја пластиката за прилагодување на растојание (делот со црни крилца на
задната страна) така што ќе го завртите за 90 степени со што ќе оневозможите на
кондензаторот да го допира ѕидот.condenser from touching the wall.
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБА
Подесување на термостатот
Термостатот автоматски ја регулира внатрешната
температура на одделите на ладилникот. Пониски
температури се добиваат со ротирање на копчето
од позиција 1 кон позиција 5.
Важно: Не се обидувајте да го свртите копчето на помалку од 1 затоа што уредот ќе
се изгаси.
• За краткотрајно чување на храна во, можете да го поставите копчето помеѓу
минимална и средна положба (1-3).
• За долготрајно чување на храна во фрижидерот, можете да го поставите копчето на
средна положба (3-4).
Имајте во предвид дека околната температура, температурата на пресно оставената
храна, како и фреквенцијата на отворање на вратата, влијаат на температурата во
одделот на ладилникот. Доколку е потребно, прилагодете ја температурата.
• Ладилниците немаат оддел за замрзнување, но може да ладат до 4-6 °С.
ДЕЛ 2.
Предупредувања за поставките на температурата
• Не се препорачува да го користите фрижидерот при температура на средината
помала од 10°С поради неговата ефикасност.
• Оваа опрема е дизајнирана за употреба при околна температура во опсегот од
16°C - 38°C.
• Поставките на термостатот треба да се направат во склад со тоа колку често се
отвораат вратите, колку храна се чува во фрижидерот, како и околината во која се
чува фрижидерот.
• Вашиот фрижидер после вклучувањето во струја треба да работи и до 24 часа
без прекин во зависност од околната температура за да се излади целосно. Не
отворајте ги многу често вратите од фрижидерот и не поставувајте премногу храна
внатре.