![Husqvarna HP100-1 Скачать руководство пользователя страница 75](http://html.mh-extra.com/html/husqvarna/hp100-1/hp100-1_operators-manual_21767075.webp)
Содржина
Вовед........................................................................... 75
Безбедност.................................................................. 75
Склопување................................................................. 76
Работа..........................................................................76
Одржување..................................................................76
Транспорт, чување и фрлање....................................77
Технички податоци......................................................77
Додатоци......................................................................78
Вовед
Опис на производот
Моделите HP100-1, HP200-1 се заштитници за уши
со лента за на глава, а моделите HP100-2, HP200-2
се заштитници за уши за шлем. Производите се
создадени за заштита од штетна бучава.
Усогласеност и одобрувања
Производите ги исполнуваат Суштествените
здравствени и безбедносни барања кои се наведени
во Анекс II и се усогласени со контролата на
квалитет за производствениот процес, модул D,
наведен во Анекс VIII од регулативата PPE (ЕУ)
2016/425. Ознаките CE се во согласност со EN
352-1:2002 и EN 352-3:2002. Производите се
одобрени во модулите B и D од BSI (NB 2797), BSI
Group The Netherlands B.V. Say Building, John M.
Keynesplein 9, 1066 EP Amsterdam, The Netherlands.
Целосниот текст на Декларацијата за усогласеност
на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса:
www.husqvarna.com. Пребарајте го производот.
Безбедност
Дефиниции за безбедност
Дефинициите што се наведени подолу го даваат
нивото на сериозност за секој сигнален збор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повреда на лица.
ВНИМАНИЕ: Оштетување на производот.
Напомена: Овие информации го олеснуваат
користењето на производот.
Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги
упатствата за предупредување подолу
пред да го користите производот.
• Користете ги и зачувајте ги овие упатства.
• За оптимална погодност и функција, уверете се
дека сте го избрале точниот производ за
користење.
• Не променувајте и не отстранувајте делови од
производот. Вршете ги само промените што се
наведени во ова упатство за оператор.
• Намалувањето на бучавата на производот
значително ќе се намали ако не ги почитувате
упатствата што се наведени во ова упатство за
оператор. Квалитетот на слушалките, а особено
на перничињата, може да се намали со
употребата и треба редовно да се проверуваат
поради можни напукнувања или протекувања.
• На производот може негативно да влијаат
одредени хемиски супстанции. Дополнителни
информации може да се добијат од
производителот. Чувајте го производот подалеку
од агресивни супстанции и чистете го редовно.
Користете крпа со вода и сапун. Не мијте го и не
потопувајте го целосно во вода.
• Користете само оригинални резервни делови од
Husqvarna.
• Никогаш не ги користете слушалките подолго од
10 години од датумот на производство што е
наведен на амбалажата.
Упатства за безбедност при работа
• Лицето кое ги носи слушалките треба да се
погрижи слушалките постојано да се носат во
бучна околина.
• Бидете повнимателни и слушајте ги сигналите за
предупредување кога го користите производот.
Бучавата од сигналите за предупредување може
да се намали кога го користите производот.
• Внимавајте производот да не се удира при
транспортот и при користењето.
• Користете го производот само на температура
помеѓу -20°C и +55°C. Ако го користите
производот на друга температура, тоа може да
предизвика оштетување на механичките делови.
1138 - 003 - 12.06.2019
75
Содержание HP100-1
Страница 3: ...5 6 7 8 max min 9 10 11 12 ...