41
Сите параметри на РФ (на пример, фреквенциски опсег и излезна моќност) не се достапни за корисникот
и не може да бидат променети од страна на корисникот.
За најнови информации за додатоци и софтвер, видете ја ИС (Изјава за сообразност) на
http://consumer.huawei.com/certification.
Одете до
Нагодување
>
За верзијата
>
Регулаторни информации
(
Settings
>
About
>
Regulatory
Information
) на уредот за да го погледнете екранот E-label.
Посетете ја страницата http://consumer.huawei.com/en/support/hotline за неодамна ажурирани телефонски број и
адреса на е-пошта во вашата земја или регион.
Усогласеност со правилата на Сојузната комисија за комуникации (FCC)
Барања за изложување на радио-фреквенции
Важни безбедносни информации во врска со изложувањето на радијација од радио-фреквенции (RF):
Насоките за изложувањето на радио-фреквенции наложуваат дека уредот треба да се користи само за
носење на зглоб. Непочитувањето на овие насоки може да доведе до надминување на ограничувањата за
изложување на радио-фреквенции.
Изјава од
FCC
Оваа опрема е тестирана и утврдено е дека е во согласност со ограничувањата за дигитални уреди
од Класа Б, според Дел 15 од Правилата на FCC. Овие ограничувања се подготвени за да овозможат
разумна заштита од штетни пречки при инсталација во станбени објекти. Оваа опрема создава, користи и
може да зрачи радио-фреквентна енергија и ако не се инсталира и ако не се користи според упатствата,
може да предизвика штетни пречки во радиокомуникациите. Сепак, нема гаранција дека нема да се
појават пречки во одредена инсталација. Ако опремата не предизвикува штетни пречки на радиоприемот
или телевизискиот прием, што може да се одреди со вклучување и исклучување на опремата, корисникот
треба да се обиде да ги отстрани пречките со една или повеќе од следните мерки:
--да ја пренасочи или премести антената за прием.
--да го зголеми растојанието меѓу опремата и приемникот.
--да ја поврзе опремата со приклучок од коло различно од она на кое е поврзан приемникот.
--да се советува со застапникот или со искусен техничар за радио/ТВ опрема за помош.
Овој апарат е во согласност со Дел 15 од Правилата на FCC. Работењето подлежи на следниве два
услова: (1) овој апарат не треба да предизвикува штетни пречки и (2) овој апарат мора да ги прифати
сите примени пречки, вклучувајќи и пречки што може да предизвикаат несакани последици.
Внимание:
сите промени или измени на овој уред за коишто Huawei Technologies Co., Ltd. немаат
издадено изречно одобрение за усогласеност може да доведат до поништување на овластувањето за
работа со опремата.