•
Користењето на неодобрен или некомпатибилен
адаптер за напојување, полнач или батерија може
да предизвика пожар, експлозија или друга
опасност.
•
Избирајте само дополнителна опрема одобрена за
употреба за овој модел од страна на
производителот на уредот. Користењето на други
типови дополнителна опрема може да доведе до
поништување на гаранцијата, кршење на
локалните прописи и закони, и може да биде
опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе
информации околу достапноста на одобрената
дополнителна опрема во Вашиот регион.
•
За приклучливите уреди, штекерот треба да биде
во близина на уредите и да биде лесно достапен.
•
Осигурајте се дека полначот ги исполнува
барањата од Клаузула 2.5 во IEC60950-1/
EN60950-1/UL60950-1 и е тестиран и одобрен во
согласност со националните или локалните
стандарди.
•
Чувајте ја батеријата подалеку од прекумерна
топлина и директна сончева светлина. Не ја
поставувајте на или во уреди за затоплување, како
што се микробранови печки, шпорети, или
радијатори. Батеријата може да експлодира
доколку се прегрее.
•
Не се обидувајте да ја модифицирате или одново
да ја составувате батеријата, да вметнувате туѓи
предмети во батеријата или да ја потопувате или
изложувате на вода или други течности. Тоа може
да предизвика пожар, експлозира или други
опасности.
•
Користените батерии треба да се одложат во
согласност со локалните прописи. Несоодветното
користење на батериите може да предизвика
пожар, експлозија или други опасности.
251