![Home Electronics WK-22002W Скачать руководство пользователя страница 29](http://html.mh-extra.com/html/home-electronics/wk-22002w/wk-22002w_instruction-manual_2150334029.webp)
МАКЕДОНСКИ
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ УРЕДОТ
1. Бокалот е наменет само за варење свежа вода. Не сипете во бокалот
ништо друго !
2. Не го вртете ниту поместувајте уредот додека е во употреба или додека е
вклучен во струја.
3. Не го држете уредот наопаку.
4. Со уредот е испорачан и филтер, кој што го спречува бигорот да се излее
од бокалот заедно со водата. Доколку не е на своето место, поставете го:
• Филтерот се наоѓа под капакот, на местото каде што се излева водата
од бокалот (лејка).
• Жлебот на филтерот поставете го на држачот за филтерот под капакот
и лесно притиснете го.
• Вадете го по потреба, така што нежно ќе ја притиснете пластичната
рамка на филтерот кон внатрешноста на бокалот.
5. Вклучете го приклучокот во струја.
6. Уредот користете го исклучиво со базата која е испорачана со него.
7. Поставете ја базата на рамна површина.
8. Дигнете го капакот од бокалот со притисок на копчето од капакот, кое
што се наоѓа на дршката и сипете вода во бокалот.
9. Кога го полните бокалот, користете исклучиво ладна вода.
10. Нивото на водата мора да биде меѓу ознаките MIN и MAX.
11. Ако го преполните бокалот со вода, преку ознаката MAX, водата може да
искипи.
12. Спуштете го капакот и затворете го бокалот.
13. Пред вклучувањето проверете дали капакот е добро затворен.
14. Поставете го бокалот врз базата.
15. Вклучете го уредот со притисок на прекинувачот кој што се наоѓа под
дршката.
16. Кога водата ќе почне да врие, уредот сам ќе се исклучи. Доколку не
сакате да ја греете водата додека не проврие, греењето можете да го
прекинете во секој момент, така што ќе го исклучите уредот на истиот
прекинувач со кој што го вклучивте.
17. Исклучете го уредот пред да го симнете бокалот од базата.
18. Во тек на работата не го дигајте капакот!
19. По употреба исклучете го уредот од струја.
Наполнете го бокалот со чиста вода до ознаката MAX и варете ја водата се
додека бокалот сам не се исклучи. Истурете ја провриената вода и повторете
ја постапката уште еднаш.
Содержание WK-22002W
Страница 1: ...INSTRUCTION MANUAL WATER KETTLE WK 22002W ...
Страница 43: ......
Страница 44: ...www home electronics info ...