
30
Безбедносни упатства за
општа употреба
Во продолжение се наброени некои правила и
безбедносни мерки што слично како при
користење на други апарати, треба да ги
почитувате за да обезбедите безбедно и
најефикасно функционирање на печката:
1.
Додека работи печката, стаклената
основа, рачките на валјакот, склопката и
жлебот за валјакот секогаш треба да
бидат на своето место.
2.
Печката не користитете ја за никаква
друга намена освен за подготвување
храна; не сушете во неа облека, хартија
или други предмети и не употребувајте ја
за стерилизација.
3.
Никогаш не вклучувајте ја печката ако
таа е празна, бидејќи можете да ја
оштетите.
4.
Во внатрешноста на печката не чувајте
ништо, на пр. хартија, готварски книги
итн.
5.
Не гответе храна што е покриена со
мембрана, на пр., жолчки од јајца,
компир, пилешки џигер итн. пред да ја
прободете мембраната со виљушка на
повеќе места.
6.
Не ставајте никакви предмети во
отворите на надворешната страна од
печката.
7.
Никогаш не отстранувајте ги деловите на
печката, на пр.: нозете,
резето(внатрешен затворач), шрафовите
итн.
8.
Не гответе ја храната непосредно на
стаклената основа. Пред да ја ставите
храната во печката, ставете ја во
соодветен сад или во слично помагало.
ВАЖНО:
Кујнски помагала што не
смеете да ги употербувате во
микробранова печка:
-
Не употребувајте метални тави или
садови со метални рачки.
-
Не употребувајте садови со метални
рабови.
-
Не употребувајте метални жици
прекриени со хартија за затворање на
пластични кеси.
-
Не употребувајте садови од меламим
бидејќи содржат материјал што ја
вшмукува микробрановата енергија.
Тоа може да предизвика чинијата да
напукне или да се усвити, а покрај тоа
и да го забави загревањето /
готвењето.
-
Не употребувајте ги садовите без
соодветното премачкување за
употреба во микробранова печка.
Исто така не употребувајте затворени
шолји со рачки.
-
Не подготвувајте храна, т.е. пијалаци
во сад што има стеснет отвор, на пр.
во шише, бидејќи истото може да
пукне при загревање.
-
Не употребувајте обични термометри
за месо или за слатки. Можете да
употребувате само термометри што
се наменети за употреба во
микробранови печки.
9.
Помагалата за микробрановата печка
употребувајте ги само согласно со
упатствата од нивниот производител.
10.
Не обидувајте се да потпечувате храна
во микробрановата печка.
11.
Бидете претпазливи, во микробрановата
печка треба да се загрее само течноста,
а не и садот во кој истата се наоѓа.Затоа
е можно, откако ќе го отстраните капакот,
течноста во садот да испарува или од
неа да претекуваат капки иако капакот на
садот не е жежок.
12.
Пред користење секогаш проверете ја
температурата на храната, а особено ако
им ја давате на деца. Препорачуваме
храната/пијалакот никогаш да не ги
консумирате непосредно по вадењето од
печката, туку да почеката неколку минути
и по можност да ја промешате за
температурата еднакво да се
распредели.
13.
Храната што содржи мешавина од вода и
маст, на пр. основа за супа, по
исклучувањето на печката треба да
остане во неа приближно 30 до 60
секунди. Така ќе овозможите смесата да
се изедначи и ќе спречите навлегување
на меурчиња кога во течноста ќе ставите
лажица или коцка за супа.
14.
При подготовка на храна бидете
внимателни бидејќи некои видови, на пр.
божиќен пудинг, мармалад или мелено
месо се загреваат многу брзо. Кога
загревате или подготвувате храна со
висока содржина на масти или шеќер, не
употребувајте пластични садови.
15.
Помагалата што ги употребувате при
подготовка на храна во микробранова
печка можат силно да се загреат бидејќи
храната оддава топлина. Ова важи
посебно ако врвот на садот и рачките се
прекриени со пластична обвивка или со
пластична наметка. При вадење на таков
сад може да ви бидат потребни кујнски
ракавици.