12
што сакате да ја користите. Ставете ја
решетката во садот.
Ставете ја храната на решетката,
распоредувајќи ја рамномерно. Меѓу храната
и ѕидовите на садот треба да има 2 до 3
сантиметри растојание, за да се овозможи
циркулирање на воздухот. Не ставајте ја
храната на решетката во слоеви. Покријте го
садот со стаклениот капак на кој се наоѓаат
контролните копчиња. Приклучете го
струјниот кабел во штекерот.
Наместете ги температурата и тајмерот.
Температурата и времетраењето на
готвењето зависат од видот и обликот на
храната.
Рерната бргу ќе ја постигне подесената
температура. Системот за контрола на
температурата ја одржува избраната
температура со вклучување и исклучување на
халогенскиот грејач. Тоа може да се
набљудува преку контролната сијаличка.
Во текот на готвењето, често проверувајте ја
храната преку стаклениот сад. Доколку
храната треба да се превртува во текот на
готвењето, исклучете го струјниот кабел и
ставете го капакот на површина отпорна на
температура. Откако ќе ја превртите храната,
вратете го капакот и повторно вклучете го
струјниот кабел.
Кога ќе измине времето за готвење подесено
со тајмерот, апаратот ќе почне да пушта
звучни сигнали. Грејачот и вентилаторот се
исклучуваат. Исклучете го кабелот и ставете
го капакот на површина отпорна на
температура.
Извадете ја храната од стаклениот сад,
почекајте тој да се излади, исчистете го и
ставете го на соодветно место.
Белешка:
Доколку струјниот кабел не е исклучен пред
да го кренете капакот од садот, прекинувачот
на рачката автоматски ќе го исклучи грејачот
и вентилаторот.
Тајмерот и натаму останува вклучен, дури и
кога рерната не е приклучена на струја.
Белешка:
Кога го кревате капакот, внимавајте да не ве
попари пареата што излегува од садот.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Избегнувајте гребеници на долниот дел; не
пеглајте преку тврди површини. Трагови од скроб
или средства за распрскување можете од
подлогата да отстраните со употребување
влажни памучни или волнени крпи, или со благи
средства за чистење.
Не додавајте хемикалии, детергенти или
среедства за мирисање во резервоарот за вода.
Надворешните површини можете да ги чистите со
влажна крпа, без употреба на агресивни средства
за чистење или растворувачи.
БЕЗБЕДНОСЕН ПРЕКИНУВАЧ
Пеглата е опремена со безбедносен прекинувач
кој спречува прегревање на апаратот.
ПОПРАВКИ
Ако се расипи кабелот или/и направата, однесите
ја пеглата во овластен технички сервисен центар.
ОТСТРАНУВАЊЕ ИСТРОШЕН
ПРОИЗВОД
Нашите производи се во оптимална амбалажа.
Тоа значи дека се користат материјали љубезни
до човековата средина, кои можете да ги
доставите во местното собиралиште на
материјали за рециклирање. Вашата местна
управна единица ќе ве информира на каков начин
да се ослободите од истрошени направи.
Не е за комерцијална употреба!
UA
Содержание HOK1400W
Страница 11: ...11 230 V 50 Hz 8 8 8 8 250 C 5...
Страница 12: ...12 2 3 UA...
Страница 13: ...13 1 2 3 4 5 6 7 8 60 9 10 0 250 C 230 50 Gorenje Gorenje 8 8 8 8 250 C 5...
Страница 14: ...14 2 3 2 3...
Страница 30: ...30 230 V 50 Hz Gorenje Gorenje 8 8 8 8 250 C 5...
Страница 31: ...31 2 3 2 3...
Страница 32: ...32 5 10 20 C 30 50 Gorenje GORENJE RU 1...
Страница 33: ...33 2 3 4 5 6 7 8 60 9 10 0 250 11 230 50 Gorenje...
Страница 34: ...34 250 5 2 3 2 3...
Страница 35: ...35 5 10 20 30 50 Gorenje Gorenje Domestic Appliances GORENJE...