141
МАКЕДОНСКИ
Минималното растојание помеѓу
површината на плочата од шпоретот
за поддршка на садовите за готвење и
долниот раб на аспираторот не смее да
биде помало од 50cm за електричните
шпорети и 65cm за комбинираните
или шпоретите на гас. Ако упатствата
за монтирање на шпоретот на гас
прецизираат поголемо растојание, тоа
треба да се земе в предвид.
4.
ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување!
Пред било
каква операција на чистење
или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната
мрежа со вадење на струјниот
приклучник или со исклучување
на генералниот домашнен мрежен
прекинувач. Аспираторот треба
редовно да се чисти (најмалку со
истата зачестеност со која се врши
одржувањето на филтерите за
масти) како од внатрешната така и од
надворешната страна. За чистењето
користете крпа навлажнета со течни
неутрални детергенти. Не користете
производи кои содржат абразиви. НЕ
КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Предупредување!
Непочитувањето
на упатствата за чистење на
аспираторот и замена на филтрите
може да доведе до ризик од пожари.
Се препорачува придржување
до предложените упатства. Се
одбива било каква одговорност
за евентуални оштетувања на
моторот или пожар предизвикан како
резултат на неправилно одржување
или неследење на наведените
упатствата.
4.1 Филтер за маснотии
- Филтерот
за маснотии треба да се мие еднаш
месечно со неагресивни детергенти,
рачно или во машина за миење на
садови на ниски температури и со краток
циклус. Со перењето во машина за
миење на садови филтерот за маснотии
може малку да ја изгуби бојата но
неговите карактеристики за филтрирање
остануваат непроменети.
4.2 Type 20 LONG LIFE - Филтер со
активен јаглен што може да се пере
Филтерот со јаглен може да се пере
на секои два месеци во топла вода и
прикладни детергенти или во машина
за миење садови на 65°C (во случај на
перење во машина за миење садови да
се направи комплетен циклус на перење
без садови во внатрешноста ).
Истиснете го вишокот вода без да го
уништите филтерот, потоа извадете го
перничето ставено во внатрешноста на
шасијата од пластика и ставете го во
печката 10 минути на 100°C за целосно
сушење.
Заменете го перничето на секои 3 години
и секогаш кога платното е оштетено.
4.3 Type 15 - Филтер со активен јаглен
што НЕ се пере
Заситувањето на филтерот од јаглен
настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност
од типот на готвење и редовноста на
чистењето на филтерот за масти. Во секој
случај потребно е да се замени чаурата
најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
4.4 Type SUPCHARCE2 - Регенерирачки
филтер со јаглен
Јаглениот филтер мора да се чисти секои
два месеци (или кога е вклучен индикаторот
кој ја покажува заситеноста на филтерот
– доколку е вграден), во согласност со
процедурата која е прикажана подоле:
•
Исклучете го електричниот апарат од
електричната мрежа.
•
Исчистете ја површината на
филтерот со влажна крпа за да
ги отстраните остатоците од
површинска маст.
•
Извадете ги пластичните завртки и
измијте ги во топла вода и соодветни
Содержание EFL716Y
Страница 1: ...EFL716Y EFL719Y ...
Страница 160: ...LIB0148554A Ed 03 19 ...