298
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Оваа машина произведува
електромагнетно поле за време
на работата. Се препорачува
лицата со медицински импланти
да се посоветуваат со нивните
лекари и со производителите
на имплантите пред да
започнат со користење на
оваа машина. Во спротивно,
електромагнетното поле може
да влијае врз медицинските
импланти и да резултира со
сериозна повреда.
СКЛОПУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред да работите на алатот,
секогаш проверувајте дали
машината е исклучена и
откачена од струја.
Составување на шипката на рачката (Сл. 2, 3)
1) Прицврстете ја долната шипка на рачката (4) на
машината со копчињата (11).
2) Ставете ја горната шипка на рачката (3) на долната
шипка на рачката, а потоа прицврстете ги со двата
разделника, со навртката и со лостот (7).
3) Прицврстете го кабелот со клиповите (8) на шипката
на рачката.
Составување на корпата за трева
Составување на корпата за
трева
ВНИМАНИЕ:
• Не работете со машината без
корпа за трева. Во спротивно,
исфрлен предмет може да
предизвика повреда.
• Кај уредите со задно празнење
со издадени задни ролери,
кога се користат без корпа,
потребно е да се носи целосна
заштита за очите.
НАПОМЕНА:
• Изведбата на машината се намалува кога корпата
за трева е полна. Редовно празнете ја корпата пред
целосно да се наполни.
Монтирање на корпата за трева
Повлечете го нагоре штитникот (10) и држете го.
Вметнете ги куките на корпата за трева во жлебовите
на машината.
Вадење на корпата за трева
Повлечете го нагоре штитникот (10) и држете го.
Извадете ја корпата за трева со олабавување на
куките од жлебовите на машината.
Држач за кабел (Сл. 4)
Држач за кабел (5) помага да се спречи заплеткување
на кабелот во сечилото или тркалото.
Направете мала јамка на крајот од кабелот за струја и
протнете ја низ отворот на стегачот за кабел, а потоа
закачете го на куката.
Додека работите, секогаш земајте ја предвид
позицијата на кабелот. Започнете со вашата работа
од најблиската точка на напојувањето со струја, за
да спречите случајно пресекување на кабелот. Се
препорачува кабелот да го држите преку вашето рамо
за време на работата.
Вадење или монтирање на алатот за сечење
ВНИМАНИЕ:
• Носете заштитни ракавици.
• Бидете особено внимателни
кога ракувате со алатот за
сечење. Тој е многу остар и
може да се вжешти за време
на работата.
• Секогаш користете соодветен
алат за сечење, во согласност
со вашата работа.
• Пред да започнете со работа,
проверете дали се добро
стегнати двете навртки кои
го држат прицврстен алатот
за сечење на машината. Не
користете ја машината ако
навртките се лабави или
пак недостасуваат. Ако се
оштетени, веднаш заменете
ги.
Вадење на алатот за сечење
1) Извадете ја корпата за трева (9).
2) Извадете ја рачката од машината.
3) Превртете ја машината на рамна површина.
Содержание EV-3618
Страница 2: ...2 1 2 5 6 7 8 9 10 11 12 3 4 13 16 15 14 1 ...
Страница 3: ...3 2 3 4 ...
Страница 354: ...354 ...
Страница 355: ...355 ...